ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Европскиот совет по повод Денот на сеќавање на Холокаустот: Дискриминацијата, нетолеранцијата, расизмот и ксенофобијата се закани по демократските општества

January 27, 2025 11:36
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот, на 80-тата годишнина од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен логор Аушвиц-Биркенау каде беа  убиени 1,1 милиони лица, се сеќаваме на невидените ужаси на Холокаустот, порачаа членовите на Европскиот совет во заедничка изјава по повод Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот – 27 јануари.

– Повеќе од кога било, од клучно значење е да ја одржиме нашата одговорност да им оддадеме почит на жртвите на Холокаустот. Ние сме решени да се бориме против антисемитизмот и да го заштитиме и негуваме еврејскиот живот во Европа. Ги осудуваме сите форми на дискриминација, нетолеранција, расизам и ксенофобија и ќе преземеме решителна акција за справување со овие закани по демократските општества, се наведува во изјавата.

Европскиот совет посочува и дека денес сме сведоци на пораст на антисемитизмот во Европа без преседан, невиден од Втората светска војна.

– Најостро го осудуваме алармантниот пораст на насилните антисемитски инциденти, негирањето и искривувањето на Холокаустот, како и теориите на заговор и предрасудите против Евреите, се додава во изјавата,

Според членовите на Европскиот совет, почитувањето на човечкото достоинство, слободата, демократијата, еднаквоста, владеењето на правото и човековите права, вклучително и слободите на изразување и на верување, како и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата, „мора и ќе ги водат нашите постапки во секое време, во согласност со вредностите врз кои е заснована нашата Европска Унија и кои се заеднички за сите нас“.

– „Никогаш повеќе“ е сега, се додава во изјавата на членовите на Европскиот совет  по повод Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот.

Next Post

Фицо го загуби мнозинството во Парламентот, се соочува со гласање недоверба

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk