ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Во Грузија протест за ослободување на новинарката Амаглобели, кој 16 дена штрајкува со глад

January 27, 2025 15:15
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Невладините организации во Грузија бараат ослободување на новинарката Мзија Амаглобели, која веќе 16 дена штрајкува со глад.

Грузиската филијала на меѓународната асоцијација на писатели ПЕН за вечерва најави протести со барање за ослободување на Амаглобели.

Амаглобели, која е основач на независните медиуми „Батумелеби“ и „Нетгазети“ беше приведена на 12 јануари под обвинение дека му удрила шлаканица на полицаец за време на протестите во црноморското одморалиште Батуми.

Таа по приведувањето веднаш почна штрајк со глад, истакнувајќи оти нејзиното приведување е политички мотивирано.

Невладините организации ја осудија „невидена репресија врз медиумите“ во Грузија и побараа истрага за тврдењата на Амаглобели дека била малтретирана за време на приведувањето.

Адвокатите на новинарката тврдат дека таа е малтретирана и во затвор.

Грузија е во уставна криза откако владејачката партија Грузиски сон прогласи победа на парламентарните избори во октомври, за кои опозицијата тврди дека се фалсификувани. Грузиската Влада на 28 ноември одлучи да ги прекине преговорите за членство во ЕУ, што предизвика повеќемесечни протести. Стотици демонстранти и неколку активисти за човекови права и новинари се уапсени.

Грузиската филијала на меѓународната асоцијација на писатели ПЕН за вечерва најави протести со барање за ослободување на Амаглобели.

„Итно и безусловно ослободување“ на Амаглобели на заедничка прес-конференција на 24 јануари побараа неколку меѓународни организации за правата на новинарите, вклучително и Меѓународниот институт за печат, Европскиот центар за медиуми и слобода на печатот и Европската федерација на новинари.

Tags: ГрузијаМзија Амаглобелиновинарка
Next Post

Се основале онлајн портали за да искористат државни пари од парламентарните избори, иако немале никаква врска со медиумите

Најново

Анаис. Мотив, Кратово

Дневен хороскоп со Анаис за 8 мај 2026: Иновација, слобода и рушење на правилата

May 8, 2026

ХАОС ВО МАДРИД: Валверде во болница по тепачка со Чуамени – двајцата го пропуштаат „Ел Класико“

May 7, 2026
Фото: МИА

Трендафилов: Реалното зголемување на минималната плата со инфлацијата е само 1,1%, на работниците им недостасуваат 1.637 денари за основни потреби

May 7, 2026

ИРЛ категорично ги отфрли обвинувањата за договорот со МРТВ: Станува збор за координиран напад врз истражувачкото новинарство

May 7, 2026
Фото: Фронтлајн

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор за смртта на Ивана и Катја

May 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk