ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ратификувана Спогодбата со ЕУ за Инструментот за реформи и раст, утре ќе се носат измените на законот за инспекциски надзор

January 29, 2025 12:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска ја одржа 33. седница на која на натамошна постапка беше даден Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за инспекциски надзор, по скратена постапка, единствена точка на дневниот ред. Пратениците исто така во рамки на 27. седница ја ратификуваа и Спогодбата за Инструмент помеѓу Европската Унија претставувана од Комисијата и Република Северна Македонија претставувана од Владата на Северна Македонија, за посебни аранжмани за спроведување на поддршка од Унијата за Република Северна Македонија, во согласност со Инструментот за реформи и раст.

Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за инспекциски надзор, по скратена постапка, сега треба да се одржи амандманска расправа на Комисијата за политички систем и и да биде разгледан на Законодавно-правната комисија. Според информации од Собранието, се очекува законот да биде донесен во текот на утрешниот ден.

Предлагачи на измените и дополнувањата на Законот за инспекциски надзор, по скратена постапка се неколкумина пратеници од владејачкото мнозинство. Пратеникот Бојан Стојановски образложи дека со измените инспекторатите влегуваат во состав на министерствата и веќе нема да бидат посебно правно лице.

-На ваквиот начин ќе може да се исплаќа редовно плата и ќе може сите обврски кои претходно ги имале да ги имаат во состав на министерствата. Дополнително, со овој закон се дефинираат и уште неколку обврски од тоа пријавување на шестмесечни и годишни извештаи, и тоа кој е одговорен за определени обврски, дали министерот, директорите, но и се зајакнуваат условите за сите оние кои претендираат да бидат на чело на овие инспекторати, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Стојановски рече дека во моментов на ЕНЕР е поставен нов закон за инспекциски надзор со цел дополнително да им се даде независност и да се ослободат од политичките стеги. Според него, за законот ќе бидат организирани јавни дебати и консултации со сите засеганти страни.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски критикуваше дека пред на крајот на декември се одржала седница на која на дневен ред биле измени на истиот закон, посочувајќи дека секоја одржана седница чини по 30.000 евра, како и дека на владејачкото мнозинство му било укажано дека тој закон има недостатоци. Инспекторатите не биле ставени во рамки на министерствата, инспекторите не земаат плата, а инспекторатите не можат да работат. Спасовски како пример посочи дека пазарниот инспекторат на трговците сега може да им изрече само опомена, но не може да казнува. Според него, и овие измени имаат недоследности.

Својата работа пратениците ја продолжија со усвојување на Предлог на закон за ратификација на Спогодбата за Инструмент помеѓу Европската Унија претставувана од Комисијата и Република Северна Македонија претставувана од Владата на Северна Македонија, за посебни аранжмани за спроведување на поддршка од Унијата за Република Северна Македонија, во согласност со Инструментот за реформи и раст, единствена заостаната точка на 27. пленарна седница.

Вкупниот износ на поддршката на ЕУ за Западен Балкан во рамки на финансискиот инструмент за реформи и раст изнесува шест милијарди евра. Во согласнот со предвидената методологија на ЕУ на Република Северна Македонија ќе и бидат ставени на располагање 750,4 милони евра за период од 2024-2027 поделени во транши, при што првата транша од 51,5 милиони се очекува да се добие кон крајот на оваа година.  Општите услови за исплаќање на средствата се однесуваат на спроведувањето на фундаменталните реформи, владеење на правото, почитување на основните човекови права и слободи додека посебните услови се формулирани во рамки на Реформската агенда.

Next Post

Утре локални врнежи од дожд, повремено и поројни

Shortcut

Најново

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

Филипче: Намалена воената помош од САД, поради криминалната власт, Македонија ја губи довербата

September 18, 2026

Пријави за стаорци во Буњаковец, од општина Центар велат дека направиле сѐ што треба

September 18, 2026

„Амазон веб сервисис“ планира дата-центар кај Кожани, Грција

September 18, 2026

САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk