ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќa опозициската иницијатива за надзорна расправа за решавање на проблемот со загадениот воздух

January 30, 2025 14:00
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

ВМРО-ДПМНЕ ја прифати денешната иницијатива на опозициските партии СДСМ и Левица за свикување надзорна расправа во рамки на Собранието, на која би се разговарало за мерките и активностите што би се спровеле во насока на подобрување на состојбата со загадувањето на воздухот.

– Ја прифаќаме нивната заедничка иницијатива за надзорна расправа за квалитетот на воздухот. И двете партии се во коалиција исто така и со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, едната во формална, едната во неформална коалиција, си имаат поделено повеќе директорски места. Сметаме дека се направени услови и спремни сме да дискутираме за се што е направено и се што не е направено во изминативе години на полето на амбиенталниот воздух, истакна на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски.

Нагласи дека ќе овозможат дискусија на која, како што рече, ќе имаат можност да дискутираат за сите конкретни планови што Владата ги презема на полето на животната средина.

СДСМ и Левица денеска поднесоа заедничка  иницијатива, со која бараат Надзорна расправа за загадениот воздух.

– Врз основа на барањата на граѓаните, на невладините организации и многу експерти коишто работат на зачувување на животната средина, и најважно, врз основа на поразителните резултати коишто доаѓаат за загаденоста на воздухот, покренуваме иницијатива за одржување на Надзорна расправа во Собранието. Да разговараме какви мерки и активности се преземени од страна на владата и на другите надлежни институции. Заради тоа што ова е една од основните функции на Собранието, да преку вакви деловнички и законски инструменти, успееме да седнеме сите на една маса и пред граѓаните да ги отвориме сите прашања, истакна на денешната прес-конференција пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски.

Оваа иницијатива, рече Спасовски, ја покренавме заедно со пратениците на Левица. Сметаме дека борбата против загадениот воздух може да ги обедини сите пратеници во македонскиот парламент.ж

Поврзано: 

Спасовски: Поднесовме иницијатива, бараме Надзорна расправа за загадениот воздух

Next Post
Москва, Русија. Фото:: Andrey Rudakov/Bloomberg

ОПАСНИ ИГРИ НА БАЛКАНОТ: Национализам, хегемонизам и руски врски

НАЈНОВО

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk