Сите 64 лица во патничкиот авион на „Американ ерлајнс“ и тројца во воениот хеликоптер што се судрија над Вашингтон се претпоставува дека се мртви, изјави началникот на противпожарната служба на Вашингтон, Џон Донели, цитиран од ДПА.
Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека нема преживеани, пренесува Си-Ен-Ен.
Напорите се прекинати во текот на ноќта, а најмалку 14 лица се уште се водат како исчезнати. Десетици тела се извадени од реката Потомак, каде што авионот се урна по судирот, велат повеќе извори за Си-Ен-Ен. Авионот, кој летал од Вичита, Канзас, превезувал 64 лица, а во хеликоптерот имало тројца војници.
Истрагата е во тек. Националниот одбор за безбедност на транспортот, кој ја води истрагата за судирот, соопшти дека податоците за летот и гласовните снимачи на авионот, познати како црни кутии, се пронајдени. Агенцијата се надева дека ќе го подготви прелиминарниот извештај во рок од 30 дена. Шефот на синдикатот на контролорите на летање на САД рече дека е прерано да се шпекулира за причината.
Неколку членови на заедницата за уметничко лизгање беа во авионот, враќајќи се од кампот за развој во Вичита, соопшти Федерацијата на Уметничко лизгање во САД. Лизгачкиот клуб од Бостон именуваше шест жртви, меѓу кои и Евгенија Шишкова и Вадим Наумов, светските шампиони во 1994 година во парови.
Ј. Ѓ.