Џон Џексон, поранешен rрепубликанец и судски адвокат, американски ветеран на украинските вооружени сили, на социјалната мрежа Х објави видое од сенаторот Мајкл Бенет од Колорадо како поставува остри прашања до Тулси Габард, изборот на Трамп да ги надгледува американските шпионски агенции фокусирани на нејзините симпатии кон Русија.
Секој што се грижи за Украина МОРА ДА ГО ГЛЕДА ова. За мене, лично, ова ме направи емотивен. Со години чекам некој да го направи она што го направи сенаторот Бенет. Неверојатно добро направено. Кажано со истиот оган кои сите ние би го имале ако сме на неговото место.
Anyone who cares about Ukraine MUST WATCH this. For me, personally, this made me emotional. I have been waiting for years for someone to do what Senator Bennet just did. Incredibly well done. Said with the same fire all of us would have if in his seat. pic.twitter.com/LxVQ5A92Yv
— John Jackson (@hissgoescobra) January 30, 2025
Сенаторот Мајкл Бенет од Колорадо поставува остри прашања до Тулси Габард, фокусирани на нејзините минати коментари со симпатии кон Русија за време на жестокото сослушување за одобрување на изборот на Трамп за нејзино назначување да ги надгледува американските шпионски агенции фокусирано на нејзините минати коментари со симпатии кон Русија.
Сенаторот Бенет ја притисна Габард за нејзините ставови за војната во Украина, обвинувајќи ја дека папагализира руска пропаганда.
„Во основа рековте дека Путин е оправдан да ја преврти мирната граница на Украина“, рече тој, цитирајќи ги нејзините забелешки во времето на инвазијата.
Ја потсети дека ноќта по почетокот на руската инвазија врз Украина, твитнала дека тоа можело да се избегне доколку Бајден и НАТО ја признале легитимноста на руската загриженост од можноста Украина да стане членка на НАТО, како и нејзиниот коментар дека НАТО води прокси војна против Русија во Украина.
Тој ја праша Габарт и дали е свесна дека нејзините коментари одат во прилог на руските наративи со кои ја оправдуваат инвазијата врз Украина, и дека руската државна телевизија ги емитувала нејзините коментари.
Драган Мишев / Цивил Медиа