ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕУ денеска формално одлучува за почетокот на преговорите со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска преку видеоконференција треба да ги одобрат заклучоците финализирани на амбасадорско ниво со кои се дава зелено светло за отпочнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија, јавува дописничката

March 24, 2020 09:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска преку видеоконференција треба да ги одобрат заклучоците финализирани на амбасадорско ниво со кои се дава зелено светло за отпочнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Поради состојбата со пандемијата на коронавирусот, министрите нема да отпатуваат во Брисел денеска, туку ќе се состанат преку видеоконференција, што ги усложнува процедурите, но според сите дипломати кои ги консултираше МИА, не се очекува промена на одлуката усогласена на амбасадорско ниво.

Како што објави МИА вчера, сите 27 земји членки, по макотрпни преговори, се согласиле дека предложената обновена методологија на Европската Комисија за пристапните преговори е задоволувачка и дека реформскиот прогрес на Северна Македонија е доволен за да се отворат преговорите за членство во Европската Унија.

Првата меѓувладина конференција треба да се одржи “што е можно побргу“, стои во нацрт заклучоците на земјите членки.

Меѓувладината конференција го означува формалното отворање на поглавјата, а претходно Европската Комисија треба да изготви преговарачка рамка, која исто така треба да биде усвоена од страна на земјите членки.

Со оглед на неизвесноста поради коронавирусот, никој не се осмелува да лицитира со датуми за сега.

Северна Македонија исто така ќе треба да ја подготви својата преговарачка позиција во пресрет на стартот на овој процес.

Заклучоците предвидуваат отворање на преговорите и со Албанија, но за оваа земја се додадени низа услови за отворање на првата меѓувладина конференција.

Дипломатите во Брисел објаснуваат дека оваа разлика се должи на ставовите на земјите членки.

Не се очекуваат лоши изненадувања во однос на усвојувањето на заклучоците денеска, иако поради октомвриското разочарување сите дипломати остануваат внимателни. Преговорите помеѓу земјите членки се финализирани на амбасадорско ниво, затоа што министрите одбиваат да преговараат преку видеоконференција.

Дипломат од земја членка на ЕУ објаснува дека амбасадорите добиле јасни инструкции од своите министри и влади во текот на преговорите што се водеа во Брисел изминатата година, така што не се очекуваат изненадувања во текот на денешниот ден. Амбасадорите се единствените кои сѐ уште се сретнуваат физички во ЕУ, министрите и лидерите веќе неколку недели одржуваат исклучиво видео состаноци.

Откако ќе се усвои одлуката се отвора писмена процедура за нејзино формално одобрување од страна на сите земји членки, со што одлуката стапува на сила. Овој процес може да трае најдоцна до крајот на неделата, кога се одржува и самитот на лидерите на ЕУ, кои пак ќе дадат и политичка согласност.

Минатата недела вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи изјави дека постигнат е консензус во ЕУ за одлука за почнување преговори со Република Северна Македонија – безусловна и со барање за одржување на првата меѓувладина конференција веднаш по одобрување на преговарачкaта рамка. Позитивната вест од Брисел, како што кажа Османи, доаѓа по средбата на постојаните претставнци на земјите членки на ЕУ (КОРЕПЕР) на која било разговарано и за проширувањето.

Шефот на дипломатијата Никола Димитров пак, рече дека има големи изгледи и позитивни сигнали од огромно мнозинство на земјите членки од ЕУ за одлука за преговори, меѓутоа дебатата не е до крај завршена, а КОРЕПЕР не е тело кое носи политички одлуки .

-После искуствата од 2018 и 2019 година должни сме кон народот да бидеме внимателни и да чекаме да се заврши целосно работата пред да ги упатиме честитките. Изгледна е многу ситуцијата но не е до крај завршена работата во овој процес, рече Димитров и додаде дека ЕУ ќе згреши многу ако прати сигнал дека е толку оптеретена со здравствената криза што не може ништо друго да прави.

Next Post

9: Борбата против лажни вести продолжува, економски мерки на Владата, нов возен ред на автобусите, нашите граѓани од странство ќе влегуваат само преку Деве Баир, втора вечер полициски час.

НАЈНОВО

Димитриеска-Кочоска во Загреб, потпишан Меморандум за развој на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа

August 25, 2025

Флоријан Вирц објасни зошто избрал да се пресели во Ливерпул

August 25, 2025

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадите низ градовите ќе прибира предлози за програмите за локалните избори

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk