ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ТРИЧКОВСКИ

Шао пелин: школите на весна за комити кои се спремни да умрат за Македонија!

February 2, 2025 09:50
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Како може од едно дете меѓу 6 и 16 години да се произведе комита кој е спремен да умре за Македонија?

И за организацијата со долга рака, мал курац и кратка памет.

Всушност, без памет!

И да умре уште многу други.

На улица, дома, в кафеана, на телевизија, поретко во шума, почесто на пешачки премин.

На семафор, на кој црвеното го привлекува како црвениот плашт бикот во Памплона?

Дали му е потребна филозофија?

Не!

Логика?

Етика?

Да, но не како научни дисциплини, туку како комитски кодекс.

Без самурајска или друга херојска филозофија на честа  и животот.

Само етика и логика кои ќе му помогнат при заклетвата „Слобода или смрт“ секогаш да ја избере смртта.

Понекогаш, како што рековме, ќе ја одбере својата смрт, но најчесто, на тие што комитската етика и логика на Шао пелин академијата на весна ќе му ги одредат.

Бушата е феноменален учител!

Како оној што ја вежбаше Ума Турман пред  походот против Бил со тоа што Кравата го учи телето како најлесно да умре!

Било Бил или Бугаро Фил, нема везе, кој ќе го свирне!

Хахаха!

Образовниот систем е нападнат како клучна точка на дефинитивната пресметка на вмро со националната реализација на македонскиот народ.

Глупаво е во тоа да се сомневате.

И на најголемиот вмрон детето ќе му се врати како идиот!

Македонија како скапана ороспија, а детето како идиот!

Има ли во тоа логика?

Има, ако болеста на детето и смртта на Татковината ги сметаме за логични.

И етични.

Хахаха!

Сите анализи на македонската појавност се смешни и трагични истовремено, понеже, ја игнорираат смртта на македонскиот национален и државен проект како опција. Расправата за тоа дали Мицкоски отишол во суверенисти или во чисти кретенисти, нема смисла ако не се отвори прашањето за крајот на Македонија како цел, не како грешка во политичките ориентации и стратегии, туку како стратегија.

Но, не на него како стратег, туку само како оперативна будала.

Еден од елементите на таа стратегија е разнебитувањето преку фолклоризација на културата и историјата и преку ослободувањето на насилството како праведно и полезно поведение.

Како патриотско поведение.

Така е отворена вратата на хаосот во Македонија.

Систематски и системски.

Агелер сигурно се радува.

Сите ќе ве згазиме.

И дома да си седите ќе ве згазиме.

Ние сме вмро.

И да бојкотирате и да не бојкотирате ќе ве згазиме.

И говно да сте ќе ве згазиме.

И за Реал да играте ќе ве згазиме

Ние не сме Гази баба.

Ние сме Гази култура.

Газиме, значи постоиме.

И што да правам, драги мои, по една ваква химна на смртта.

Киднав во Брисел.

Ја слушам Теодора и летам.

Во воздух не може никој да ме згази.

Ниту вмро.

Колата да е мощна и бърза любовта – гореща и мръсна парите да са в едри банкноти дните да са пет почивни, два работни. Айде газ, газ, дай газ айде газ, газ, газ на макс Айде газ, газ, дай газ май ще местим партито у вас Айде газ, газ, дай газ айде газ, газ, газ на макс Айде газ, газ, дай газ Айде газ, газ, газ май ще гасим тока!

Да, тие ќе ја изгасат струјата и ќе газат и ебат се по ред додека не се свестиме ние да им го направиме истото.

Без пардон и грижа на совеста што ќе ја наметнува пристојноста и културата.

Мицкоски е ништо надвор од опцијата за евтаназија на Македонија.

Ништо би бил и со таа опција при малку поголема посветеност и храброст на Македонците.

Сакате да бидете суверенисти?

Океј!

Без мене!

Еве какви песнички се вртат меѓу белгиските деца.

„Прдешко, прдешко,

Многу те сакам

Дојди тука мое мало пријателче

Имам една тајна да ти кажам на уво

Дека секогаш лудо ќе те сакам”

Хахаха!

За обични човечки физиолошки процеси и ефекти.

Не за Гоце.

Не за Даме.

Не за славните јунаци.

За себе.

За своето тело и за неговото функционирање.

Детето го разбира светот како поле за разбирање на себе си.


Специјално за Првата линија. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Next Post

„Кој е следен?“: Граѓаните се подготвуваат за масовен протестен марш, студентите изработуваат транспаренти

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk