Денеска со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи протест на булевар Партизански Одреди, кај Универзална сала, во знак на револт и барање за промени во системот кој ги засега децата и младите, како и безбедноста во градовите.
View this post on Instagram
Како што велат организаторите протестот има за цел да ја истакне важноста на следниве три проблеми:
Нефункционалност на системот за заштита на децата и младите во судир со законот
Недоволна безбедност во градовите
Глорификација на девијантно однесување
Вчера, Универзитетското студентско собрание ги повика студентите на работилница за изработување транспаренти во пресрет на протестниот марш. Тие побараа и 30 заинтересирани студенти кои ќе бидат редари.
Организаторите на настанот бараат да им се позајми агрегат и големи звучници за вечерашниот протест.
Преземено: НоваТВ