Лидерот на СДСМ, Венко Филипче во интервју за Радио Слободна Европа, осврнувајќи се на растот на цените, истакна дека цените растеле и претходно во време на КОВИД и енергетска криза но дека тогашна влада предводена од СДСМ преземала навремени мерки.
„Тогаш имаше причина за раст на цените, а тоа беше високата инфлација, како резултат на бројните кризи од COVID, финансиска, енергетската криза, да потсетам колку беше цената на струјата пред две години наспроти сега. И во најголемите кризи воспоставивме систем во кој континуирано растеа платите. Минималната плата се зголеми за три пати. Просечната плата порасна двојно“ рече тој.
Филипче додаде дека актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ го запрела растот на платите и изрази сомнеж дека мерките што Владата ги најавувала била со цел сопствениците на маркети навремно да се подготват.
„Оваа влада на ВМРО-ДПМНЕ, прво најбрутално го запре тој раст на платите. Понатаму, најавуваа какви мерки ќе преземат, со цел да го спречат растот на цените во маркетите. Се сомневаме, со цел да им најават на газдите да се спремат за тие мерки. И, што се случи, неконтролиран раст на цените, страшно поскапи производи, дури споредени и со некои од маркетите во регионот“ порача претседателот на СДСМ.