ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Обвинителството тврди дека Палевски го вози Реното Кангу на денот на грабнувањето на Вања, одбраната вели дека на видеата се гледаат силуети и бара ДНК анализа

February 3, 2025 16:32
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Обвинителство на денешното рочиште за убиството на Вања и Панче презентираше видео записи од камерите на Сејф сити на кои тврди дека се гледа дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо го вози Реното Кангу на денот на грабнувањето на Вања, одбраната на Палевски вели дека се гледаат силуети и бара ДНК анализа.

Случајот за убиството на Вања Ѓорчесвка и Панче Жежовски го води судијата Ивица Стефановски и се наоѓа во доказна постапка, треба да продолжи на 7 февруари, за кога е повикан и сведокот Гоце Трајковски, кој се наоѓа во притвор во Затвор Скопје за друго кривично дело.

Обвинителството во судница денеска презентираше видео материјали од безбедносни камери од Сејф сити и комерцијални објекти за движењето на возилото Цитроен и Рено Кангу на денот на грабнувањето на Вања Ѓорчевска на 27 ноември 2023 година.

Според обвинителството, Цитроенот со кој е грабната Вања во Дебар Маало пред хотелот Парк пристигнува во 6:37. Во 7:29, како што посочи Обвинителството е всушност времето кога е извршено грабнувањето.

Заедно со возилото Рено Кангу во 7:49 се гледаат како се движат низ Визбегово кон селото Бразда каде Цитроенот, според Обвинителство е запален околу 9:30. Потоа Реното Кангу само се враќа назад, низ Чаир и во 10:00 часот се паркира пред седиштето на партијата Десна.

– Локацијата е булевар Христијан Тодоровски Карпош од Чаир према Центар. Во 9 и 50 се забележува како Рено Кангуто се движи со регистарска ознака СК-403 УИ. Може да се забележи дека возилото го управува првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо и на совозачкото Велибор Манев со џемпер со црна лента, појасни обвинителката.

Адвокатот на Љупчо Палевски, на ова видео приговараше дека во возилото не се гледа првообвинетиот Палевски.

Кратка забелешка на видеата, на крајот од денешното рочиште имаше и Палевски, кој реагираше дека во обвинението пишува дека Вања е убиена околу 9 и 30 часот, а спорд презентираните видеа од пречистителна станица и движењата на возилата не одговараат со тоа време.

-Дали времето се враќа во Обвинителството не знам, но овие докази беа во Обвинителство кога се прави обвинението, изјави Палевски.

Во однос на видеото на кое, како што рече Палевски, Обвинителството гледа силуета на човек, нагласи дека постои ДНК анализа и вештачења дали едно лице е во допир со тој предмет или не.

– Со вакво субјективно презентирање докази негираме наука, изјави Палевски.

Во судница беа презентирани и видео записи од денот на убиството на Панче Жежовски, на 22 ноември 2023 година, на кои се гледа најпрво само возилто Рено Кангу, а подоцна двете возила најпрво Реното, а 40 секунди по него и Цитроенот.

Во судница беа презентирани и пет цедиња со фотографии од куќата на убиениот Панче Жежовски, чаурата која е пронајдена на местото каде бил закопан и слики од пронајденото тело.

Неколку членови на политичката партија Десна, пред почетокот на денешното рочиште пред Судот протестираа со транспаренти “ОЈО произведува монструми, не ПП Десна”.

На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Next Post

„Ретардираниве сороспии треба да се газат како во Србија“ – кој сака да ги гази граѓаните кои бараат правда за прегазената Фросина?

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk