Изминатиот викенд, Дуња Иванова – државен првак во планински велосипедизам, забележа уште еден уникатен меѓународен успех со освојување на Етапната маунтинбајк трка ,,Коста Бланка” која се одржа во Калпе, Шпанија.
Во четири последователни маратонски натпревари, таа успеа да измине речиси 200 километри со висинско искачување од 5.000 метри на еден од најсериозните и брутални терени во Европа.
Со вкупно време од 14 часа и 35 минути, Дуња ја заслужи 11та позиција во категоријата на сениорки а под предзнакот на Светската велосипедска федерација УЦИ, во конкуренција со најсилните девојки од европската МТБ маратон сцена.
Со дополнителни 20 поени таа се искачи на 156то место на Светската ранг листа.
Со овој натпревар, како подготвителен во низата што следуваат, Дуња Иванова со својот тим ја отворија сезоната на натпреварувања кои ќе кулминираат во Јуни и Септември во Италија и Швајцарија.
Ј. Ѓ.
Фото: Canofotosports