Бугарскиот претседател Румен Радев денеска упати апел до институциите да преземат мерки во однос на правосудниот систем.
„Апелирам до сите вас, како и до одговорните државни институции, врз основа на значителните информации за овие случаи, да преземат категорични мерки против политичкото и олигархиското влијание врз правосудниот систем, рече бугарскиот претседател Румен Радев во својот говор на дискусијата за темата: „Од овде до каде со судството?“, во организација на Бугарскиот институт за правни иницијативи.
Според него, новоформираниот парламент и влада мора многу сериозно да ја сфатат оваа задача, како и претстојните кадровски назначувања во судската власт.
На настанот присуствуваат претставници од судството, пратеници и експерти.