ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

По изборите во Косово сите прават калкулации, и Курти и опозицијата! Кој може да формира Влада?

February 10, 2025 10:24
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Прелиминарните резултати од парламентарните избори на 9 февруари во Косово создаваат неизвесност за новиот состав на Собранието, но и за новата извршна власт. Врз основа на прелиминарните резултати објавени од Централната изборна комисија, Движењето Самоопределување е партијата која добила најмногу гласови.

Оваа партија освои околу 41,14 отсто од гласовите, не успевајќи да го повтори успехот на изборите во 2021 година, кога доби над 50 отсто од гласовите. Со освоени 21,99 отсто од гласовите, на второто место е Демократската партија на Косово, додека на третото место е Демократската лига на Косово со 17,68 отсто од гласовите. Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај освои 7,65 отсто од гласовите. Српската листа освои 4,05 отсто од гласовите, што значи мнозинство од гласовите на српската заедница во конкуренција со уште пет политички субјекти кои се натпреваруваа за гласовите на оваа заедница.

Конечниот резултат од гласовите ќе го одреди новиот состав на 120-членото Собрание, додека пратениците потоа ќе ја изберат новата Влада. Немнозинските заедници имаат 20 загарантирани места во Собранието на Косово. Од нив, десет места се загарантирани за српската заедница, а 10 за останатите заедници (Бошњаците, Ромите, Турците….).

Гласовите од дијаспората

Сегашниот прелиминарен резултат создава нејасна и неубедлива ситуација за бројот на пратенички места во косовското Собрание за секој политички субјект, како и за тоа кој ќе пристапи кон формирањето на новата Влада, анализират косовските аналитичари и медиуми.

– Движењето Самоопределување има околу 43 отсто, што ќе му даде 47 пратеници. Со гласовите на дијаспората гласовите од странство би можеле да имаме уште два-тројца пратеници. Ако Самоопределување достигне 49-50 Собраниски места, ќе имаме други пресметки. Ако другите субјекти го намалат јазот со Движењето Самоопределување, тогаш повторно ќе имаме други пресметки, се вели во тамошните анализи.

ЦИК претходно објави дека 104.934 гласачи биле регистрирани за гласање надвор од Косово, а 84.525 од нив избрале да гласаат по пошта. Додека бројот на поштенски гласачи останува да се провери, 15.552 луѓе гласаа во неколку косовски дипломатски претставништва низ светот. Бројот на лица кои гласале условно ЦИК се уште не го соопштува.

Политички компромиси

Политичките аналитичари во Приштина сметат дека актуелните прелиминарни резултати на политичките партии на изборите на 9 февруари создаваат неизвесност за точната конфигурација на идното Собрание и Влада на Косово.

Врз основа на овие резултати, според нив, Движењето Самоопределување, иако победник на изборите, нема да може да владее самостојно, како во претходниот мандат.

„Ако Движењето Самоопределување одлучи да формира влада само со малцинства, тогаш ова ќе биде крајно нестабилна влада, бидејќи едвај ќе достигне 61 глас. Плус, може да има проблеми со Српската листа“.

„Ако сите опозициски партии се соберат, се обединат и се обидат да формираат влада, оваа влада исто така ќе биде нестабилна и тешко дека ќе има политичка долговечност“.

За време на изборната кампања, Движењето Самоопределување ја отфрли можноста за постизборна коалиција со опозициските партии. Две други партии, Демократската лига на Косово и Алијансата за иднината на Косово, исто така, ја отфрлија можноста за коалиција со Движењето Самоопределување. Во меѓувреме, Демократската партија на Косово, која според првичните резултати е втора, не поставила „црвена линија“ за ниту еден политички субјект за евентуални коалиции по изборите.

– Овој резултат наметнува компромиси. Не постои теоретска можност да имаме стабилна влада без да правиме компромиси, сметат косовските аналитичари.

Актуелниот премиер на Косово, Албин Курти изјави дека Самоопределување ќе биде на чело на Владата уште четири години. Дали и со која политичка партија ќе коалицира оваа партија за да обезбеди 61 пратеник во косовското Собрание се уште не е јасно, како што се уште не е јасно каква политика ќе води.

Кој е Албин Курти?

Курти е лидер кој предизвикува силни реакции од двете страни на политичкиот спектар. За приврзаниците тој е реформатор и бранител на интересите на земјата наспроти странските притисоци.

За критичарите, тој е тврдокорен идеолог чија неподготвеност за компромиси доведе до заострување на односите со меѓународните сојузници и изолација на Косово на светската сцена.

Курти стана познат во 1990-тите, откако организираше протести против репресијата на Слободан Милошевиќ. За својот активизам, тој помина две години во српските затвори и беше ослободен дури по меѓународен притисок.

Во 2005 година, заедно со други активисти од Акционата мрежа, тие го формираа Движењето Самоопределување, кое подоцна беше регистрирано како политичка партија.

Како нејзин лидер, Курти ја изгради својата кариера критикувајќи ги претходните политички елити за корупција и непотизам и спротивставување на странското влијание.

Некогаш познат по водењето на улични протести, па дури и фрлањето солзавец во Парламентот, Курти, со текот на годините, ја ублажуваше својата реторика – тој повеќе не се залага за обединување на Косово со Албанија, туку за натамошна консолидација на Косово како независна и суверена држава. Курти за прв пат беше избран за премиер во февруари 2020 година. Но, неговата влада беше краткотрајна во повоено Косово.

Несогласувањата околу справувањето со пандемијата COVID-19, а пред сè околу пристапот кон разговорите со Србија, ескалираа во политичка „војна“. А, на 25 март, Демократската лига на Косово поднесе барање за недоверба, што доведе до колапс на Владата на Курти.
Помалку од една година подоцна, во февруари 2021 година, беа одржани предвремени парламентарни избори и Движењето Самоопределување освои над 50 отсто од гласовите.

Како премиер по втор пат, Курти вети дека здравството, образованието и правдата ќе бидат приоритети за работата на неговиот кабинет.

Веб страницата на ЦИК со проблеми

Додека се чекаат прелиминарните резултати од изборите и пребројувањето на гласачките ливчиња со резултатите на политичките партии, понекогаш беше невозможен пристапот до веб-страницата на ЦИК.

На изборите за новиот парламентарен состав на 9 февруари конкурираа 28 политички субјекти и еден независен кандидат. На изборите на 9 февруари во Косово право на глас имаа 1.970.944 лица, од кои учествуваа околу 40 отсто. Одѕивот на гласачите е намален во споредба со изборите во 2021 година, кога гласале над 48 отсто од граѓаните со право на глас. За прв пат гласаа 125.000 нови гласачи.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албин КуртиизбориКосово

НАЈНОВО

Мастрафот си ти

May 10, 2025
Фото: Муцунски на X

Муцунски дел од министерскиот состанок на Специјалниот трибунал за злосторство агресија против Украина; Амбасадорката Дир се заблагодари за поддршката

May 10, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп: Индија и Пакистан се согласија за целосен прекин на огнот по разговорите со посредство на САД

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk