ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

На Токсикологија нема пациенти кои го следеле „Тикток“ предизвикот со парацетамол

February 10, 2025 13:48
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО

На Универзитетската клиника за токсикологија во Скопје досега нема пријавено случај во кој пациент следел тренд на социјалната мрежа „Титок“ со земање големи дози „парацетамол“. Информацијата за МИА денеска ја потврди директорот Андон Чибишев, кој и самиот алармираше на претпазливост во врска со овој предизвик.

– Нова опасност им се заканува на нашите деца. Експериментот со „парацетамолот“ е исклучително опасен и може да заврши со тешко неповратно оштетување на црниот дроб или смрт. Токсичната доза изнесува  5 до 15 грама или 10 до 30 таблети од 500 милиграми или  леталната – смртна доза е 20-25 грама, напиша Чибишев неодамна на „Фејсбук“.

Појасни дека труење настанува заради исцрпување на метаболичкиот систем на црниот дроб, силното хепатотоксично дејство на N- ацетилмидокинонот – составна компонента на парацеталот, што предизвикува некроза или распаѓање на хепатоцитите, клетки што го градат црниот дроб.

– Следува таканаречен токсичен хепатитис што има исклучително тешка клиничка слика, проследена со масивни внатрешни крварења, тешко засегање на централниот нервен систем – енцефалопатија и акутно откажување на бубрежната функција. Ги повикувам надлежните институции внимателно да ја следат состојбата, апелираше директорот на Токсикологија.

За кобните последици што може да ги има предизвикот, се огласи и доктор Нико Беќаровски од истата Клиника.

– Од почетокот на оваа година, на платформата „Тикток“ кружи нов многу опасен предизвик меѓу младите, внесување големи дози „парацетамол“. Почитувани, колку и да звучи чудно, труењата со „парацетамол“ се меѓу најсмртоносните труења со лекови. Дури и мали дози 10-15 таблети предизвикуваат оштетувања на црниот дроб. 20-40 таблети предизвикуваат сериозни труења и оштетувања на црниот дроб, а труењата со над 50 таблети многу често завршуваат со смрт, дури и при интензивно лекување, подвлече Беќаровски.

Тој додаде дека секоја година, 30 до 50 отсто од акутните трансплантации на црниот дроб во САД и Европа се прават поради труења со овој лек.

– Затоа, контролирајте ги вашите деца, пред да ни се случи нова трагедија, советуваше Беќаровски.

Ако сепак се случи труење, а не се поминати 2-4 часа, Беќаровски советува веднаш да се дадат 10 таблети медицински јаглен и АЦЦ – 2 кесички и да се побара лекарска помош. – Секундите некогаш значат спасен или изгубен млад живот, потенцираше Беќаровски на „Фејсбук“.

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска одговарајќи на новинарско прашање, рече дека нема информации за пациенти од „Тикток“, млади луѓе кои користат по пет – шест парацетамоли, пријавени на Клиниката за токсикологија.

– Првпат ја слушам оваа информација, бидејќи, искрено, не користам „Тикток“, одговори тој на новинарско прашање.

Tags: ТикТокТоксикологија
Next Post
Фото: Скриншот

Истрелите што го променија Роберт Фицо – предмет на опсервација на психијатрите

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk