Косовскиот министер за регионален развој во заминување, Фикрим Дамка, е уапсен вчера во Призрен, пренесоа косовските медиуми.
Дамка и челн од неговото семејство со иницијали Ф.Д., се уапсени поради сомнение за „напад“ и „закана“.
Случајот е потврден од полицијата во Призрен.
„Вчера на 09.02.2025 година околу 18:00 часот во Призрен е пријавен случај „Заплашување и напад“, полицијата извршила разговор со осомничените Ф.Д. и Ф.Д и жртвите, како и други докази и сведоштва се собрани“, изјави портпаролотна призренската полиција, Шаќир Битиќи.
По извршениот разговор, со решение на обвинител на двајцата осомничени им е одредена мерка притвор во траење од 48 часа.
Главниот обвинител на Призрен, Петрит Круезиу, изјави за косовскиот дневник Коха дека Дамка нападнал кандидатка од Партијата за иновативно движење на Турција, како и друго лице од оваа партија.
„Напад и закани кон неа и второ лице, од иста партија со госпоѓата. Станува збор за две приведени лица“, рече тој, пренесо косовските медиуми.
Д. Т. / Цивил Медиа