ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОРУПЦИЈА

Пандовски: Бележиме пад од 12 позиции на Индексот на перцепција на корупцијата за 2024

February 11, 2025 12:46
in ДЕНЕС, КОРУПЦИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во извештајот за Индексот на перцепција на корупцијата за 2024 година имаме 40 поени, што е за два помалку од минатата и бележиме пад од 12 позиции, заземајќи ја 88 позиција на табелата. Големиот број скандали што ја тресеа Македонија, особено во судството, големиот број нерешени случаи на висока корупција, големиот број недемократски процеси и нетранспарентноста на одредени институции придонесоа за сето ова, порача претседателот на Транспаренси интернешнл Благоја Пандовски.

И годинава, нагласи Пандовски, ИПК покажува дека земјава е далеку под минимумот од 50 поени, кои што се долната граница под која не може да се каже дека една земја има задоволителни активности насочени кон сузбивање на корупцијата.

– Овие негативни резултати се последица на големиот број скандали кои се случија минатата година, а особено во областа на судството, Судскиот совет и Академијата за судии и јавни обвинители. Неказнивоста на високата корупција поврзана со лица на јавни позиции, индициите за политичко влијание на судството, лошата контрола на Судскиот совет кој ја врши врз судиите и 40-те препораки на Оценската мисија на ЕУ, кршењето на законот со изборот на кандидати за Академијата за судии и јавни обвинители за време на избори, се само дел од скандалите што го тресеа судството. Минатата година имавме и докажан случај на корупција на еден врховен судија, разрешување на кривичен судија од кавадаречкиот суд кој се слушнал 97 пати со обвинет на кого му судел и уште неколку случаи кои што се само загребување на површината на судството во кое граѓаните очигледно немаат доверба, изјави Пандовски.

Слична е состојбата, продолжи Пандовски и во Обвинителството, кое не е ажурно во гонењето на високата корупција и не ги процесуира иницијативите добиени од Државната комисија за спречување на корупцијата.

– Првиот чекор во долгиот пат во борбата против корупцијата е нејзината казнивост и генералната превенција. Се додека ова не се постигне не можеме да очекуваме позитивни резултати на Индексот на перцепција на корупција, рече Пандовски.

Ако се направи споредба меѓу земјите од регионот ќе видиме дека само три држави годинава имаат раст – Словенија, Косово и Албанија, додека Северна Македонија, заедно Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора имаат пад во поените и рангирањето.

Tags: Благоја ПандовскикорупцијаТранспаренси Интернешнл
Next Post

Стапи во сила Регулативата на ЕУ за пакување и отпад од амбалажа

Shortcut

Најново

Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП

June 3, 2026

Филипче: Не е загрозен македонскиот идентитет, загрозена е криминалната власт на ВМРО

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk