ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Уништувањето на Мариупол: Трагите од воените злосторства не може да се избришат

Вооружени сили на рф и нивните контролирани воени формации продолжуваат да извршуваат воени злосторства, злосторства против човештвото и злосторства на геноцид на територијата на Украина. Злосторството на агресија на рф против Украина е злосторство на највисокото политичко и воено раководство на рф.

February 18, 2025 11:47
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ, ФРОНТ

Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

2. Мариупол.

На 24 февруари 2022 година, русија започна целосна инвазија врз Украина. Речиси три месеци, вооружените сили на русија водеа жестоки борби против Вооружените сили на Украина за освојување на Мариупол. До 2 март, руските сили го ставија градот под опсада. На почетокот на март, околу 450.000 цивили беа заробени во Мариупол, без скоро никаква можност за спасување. Борбените дејствија сериозно ја оштетија критичната инфраструктура, вклучително електромрежите, водоснабдувањето, греењето и комуникациските системи. До 13 април, окупационата армија презеде контрола врз поголемиот дел од градот, а на 21 април 2022 година русија официјално прогласи дека го освоила Мариупол.

Театарот на Мариупол – пред и потоа

Сведоците кои успеаја да преживеат, сведочеа дека русите уништиле речиси целата критична инфраструктура во градот. Првите убиени и ранети цивили од руски напади беа забележани уште во првите денови на март 2022 година, кога окупаторите го претворија градот во урнатини – електричната енергија беше прекината, водоснабдувањето уништено, потоа исчезна греењето, а на почетокот на март и гасот.

руските окупатори со прецизни удари ги уништија складиштата со храна и питка вода, не дозволувајќи ниту едно возило со леб или други прехранбени производи да влезе во градот. Намерно започнаа геноцид врз населението на Мариупол.

руските сили уништуваа сè, интензитетот на гранатирањето со минофрлачи и „Градови“ беше толку силен што речиси беше невозможно да се преживее. Како резултат на директните погодоци, многу подруми каде што се криеја луѓето беа целосно уништени, а оние што беа внатре, не можеа да избегаат.

Еден од преживеаните граѓани на Мариупол, член на градскиот совет, сведочеше:

„Ситуацијата беше катастрофална, останаа само неколку цистерни со вода, а русите ги уништуваа и нив. Имаше случаи каде што беа убиени возачи на цистерни со вода. Најстрашното беше што луѓето ги закопуваа загинатите во дворовите на станбените згради. Ги закопуваа во масовни гробници, бидејќи бројот на убиени од страна на русите беше толку огромен што не беше можно да се направи поинаку. За жал, имаше многу случаи каде што луѓето излегуваа да ги закопаат своите блиски, а во тој момент русите повторно гранатираа и умираа и тие што се обидуваа да ги погребат загинатите.“

Министерството за надворешни работи на Украина ја поддржа иницијативата на меѓународната невладина организација Human Rights Watch за правна одговорност на русија за воените злосторства во Мариупол. Оваа организација изготви извештај со наслов „Нашиот град исчезна: Уништувањето на Мариупол од страна на Русија“, кој содржи обемни фактички докази што потврдуваат воени злосторства извршени од русија за време на блокадата на украинскиот град.

Во извештајот се идентификувани 17 воени единици од руските вооружени сили и други сили поврзани со русија, кои делувале во Мариупол во март и април 2022 година, за време на најинтензивните борби.

русија ги уништува трагите на своите злосторства, но раководството на оваа држава мора да биде изведено пред лицето на правдата за воените злосторства, злосторствата против човештвото и геноцидот врз Украинците.

Преземено: Цивил Медиа


Next Post

Од четврток утрински температури до -13 степени

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

August 16, 2025

Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија

August 16, 2025

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk