На социјалните мрежи се појави нова „бомба“ од Ел Чека. Станува збор за нелегално прислушкуван разговор во кој, според објавувачот, може да се слушне гласот на сегашната министерка за одбрана и вицепремиерка Радмила Шекеринска, и Фатмир Бесими, поранешен вицепремиер за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, објави Слободен печат.
Се верува дека станува збор за разговор од 2013 година за време на локалните избори, а женскиот глас на снимката кој се претпоставува дека е Шекеринска, бара од соговорникот нивниот човек во Државната изборна комисија „принципелно да гласа по однос на изборната победа на опозицијата во Центар и Куманово“. Се додава дека доколку има прогласување секаде каде што победува тогашната опозиција, тоа го загрозува извештајот за Македонија.
Како одговор на оваа „бомба“, министерката Шекеринска напиша:
„Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти. “Бомбава” само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив: тие се закануваат, ние бараме принципиелно да се гласа; тие крадат, ние бараме да не се крадат победите. Да се признае победата чесно и принципиелно. За жал, ништо не им беше свето и на државата и го приредија срамот со трите прегласувања на локалните избори 2013. Можете уште еднаш да се уверите: не сме исти!“
https://www.facebook.com/sekerinska/posts/10156252271270163