ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЦИВИЛ: Олигархијата е закана за социјалната правда, демократијата и човековите права; власта се занимава со грбот и химната, додека луѓето гладуваат

February 20, 2025 14:25
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Photo: AI-assisted illustration by Sadek Ahmed (UN.org)

Photo: AI-assisted illustration by Sadek Ahmed (UN.org)

Share on FacebookShare on Twitter

Соопштение на ЦИВИЛ, 20 февруари 2025, Светски ден на социјалната правда

Темата на Светскиот ден на социјалната правда[1] во 2025 година е „Зајакнување на инклузијата: премостување на празнините на социјалната правда“, фокусирајќи се на важноста на инклузивните политики и социјалната заштита во управувањето со систематската нееднаквост.

ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, активна 25 години, го одбележува овој ден повеќе од една деценија. Според организацијата, инклузијата, како тема на глобално ниво, никогаш не била под поголема закана.

Ултра богатите и олигархијата се во поход да станат уште побогати од било кога, влијаат врз политиката и ги поддржуваат ултра десничарските структури насекаде низ светот. Тие се опасна закана за социјалната правда, демократијата и човековите права и слободи, дури и во земји со силна демократска традиција и социјална правда.

Северна Македонија е сиромашна држава во која социјалната правда, наспроти популистичките декларации на политичките елити, се наоѓа на последното место. Политичарите и власта дебатираат за промена на државниот грб и химна, дури и не кријат дека тоа им е приоритет, додека луѓето гладуваат. А промената на државниот грб ќе значи и дополнителен трошок, затоа што ќе треба да се менуваат и личните исправи.

Политичките елити се занимаваат со животниот стандард и за сите останати прашања поврзани со социјалната правда само кога се пред камерите. Нивните зборови не се ништо повеќе од празни ветувања на кои забораваат веќе во следната минута.

Јавноста е сведок на тоа како власта тактизираше и одолговлекуваше да спроведе мерки за заштита на животниот стандард, за денес, токму на Меѓународниот ден на социјалната правда, да стапи мерката за замрзнување на цените на производите, откако цените претходно вртоглаво пораснаа.

Земјата е дом на екстремно богати и екстремно сиромашни, каде што граѓанките и граѓаните се лишени од основните социјални права, ако немаат пари или ако не се заштитени од партиски структури, непотизам или клиентелизам.

Кршењето на работничките права, невработеноста, очајно лошиот систем за здравствена заштита, ниските пензии, ветените, а неостварени мерки за социјална сигурност на хонорарците, и сите можни облици на корупција се егзистенцијални проблеми кои со децении не се решаваат.

Потребно е решително, сеопфатно и системско решавање на проблемите во доменот на социјалната правда за да се почувствуваат промените. Но тоа остануваат само празни повици, бидејќи тие што се одговорни повеќе труд и јавни пари вложуваат во пропаганда, отколку во конкретни мерки, политики и практики.

Како организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ постојано ја алармира јавноста и институциите за тешките состојби во сферата на социјалната правда, во кои спаѓаат социјалната заштита, здравството, образованието, работничките права, маргинализираните и дискриминираните заедници, и низа други. Колкав и да е трудот на институциите да ја надминат социјалната неправда, да се справат со сиромаштијата, сепак, социјалната и економска исклученост, дискриминацијата, невработеноста, катастрофалното здравство и образование влеваат страв и неизвесност кај граѓанките и граѓаните за тоа како дали и како ќе преживеат до следниот ден.

ЦИВИЛ бара бескомпромисна заложба за социјална правда во надминување на сиромаштијата со инклузија, а не маргинализација на социјално ранливите категории. ЦИВИЛ бара од институциите и надлежните органи одговорност кон секој поединечен човечки живот.

ЦИВИЛ – Центар за слобода

Извор: Цивил Медиа


[1] Генералното собрание на Обединетите нации на 26 ноември 2007 година одлучи да се забележи 20 февруари како Светски ден на социјалната правда, посветен на социјалниот развој, солидарноста, еднаквоста и хармонијата како темелни вредности во постигнување на социјалната правда, „општество за сите“, со еднакви можности за секого.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Генерирано со Grok

Трамп е понепопуларен од Зеленски во САД, убедливо најнепопуларен кај Американците е Путин

НАЈНОВО

фото: Министерство за европски прашања

Муртезани на ГАК во Брисел: Зајакнувајќи ја правната држава дома, Северна Македонија ја зајакнува и ЕУ

September 16, 2025
Фото:МИА

Кочани шест месеци подоцна – „Не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи“

September 16, 2025

Јаневска вели се работи за недоразбирање, СДСМ реагира – Со една работа се пофалија и таа ја излажаа, учебници нема

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk