ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Мицкоски пофален како единствен што му аплаудирал на говорот на Венс во Минхен

February 22, 2025 15:47
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски вчера се обрати на Конференцијата за конзервативна политичка акција (CPAC) во Вашингтон, каде што беше интервјуиран од политичката коментаторка Кеј Ти Мекфарланд, поранешна заменик-советничка за национална безбедност во првиот мандат на претседателот Трамп. Во интервјуто, Мекфарланд истакна дека Мицкоски бил единствениот европски лидер кој позитивно реагирал и аплаудирал за време на говорот на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс на Минхенската безбедносна конференција минатата недела. Во тој говор, Венс жестоко ги критикуваше европските држави.

Мицкоски го опиша говорот на потпретседателот Венс како „историски настан“ и „инспиративен говор“. Тој истакна дека, иако некои европски политичари можеби ќе се налутат на неговото мислење, смета дека Венс бил во право. Мицкоски посочи дека по говорот, дел од публиката го критикуваше Венс, сметајќи го неговото обраќање како мешање во внатрешните работи на суверени држави. Сепак, Мицкоски нагласи дека Македонија, во својата историја, направила значајни промени, како што се промена на знамето, валутата, Уставот и името, за да ги исполни стратешките цели за членство во НАТО и ЕУ, поради притисоци од соседните земји. Тој праша дали тоа не претставува мешање во внатрешните работи на суверена земја.

Премиерот Мицкоски исто така истакна дека Македонија е целосно усогласена и ја поддржува политиката на претседателот Трамп, особено во однос на одбраната, со издвојување над 2% од БДП за одбранбени потреби. Тој ја нагласи и важноста на Македонија во справувањето со илегалната миграција, опишувајќи ја земјата како „врата на југоисточна Европа“ и истакнувајќи дека Македонија била на „линијата на фронтот“ во борбата против илегалната миграција, штитејќи ја Европа од илегалните мигранти.

-Македонците се многу традиционални, ги сакаат своите семејства, можеби сме малку, но македонската заедница во САД е многу важен дел од американското општество. Знам дека го подржаа претседателот Трамп за време на изборите, тие се конзервативци и знам дека ќе продолжат да го поддржуваат претседателот Трамп, рече Мицкоски.

Ј. Ѓ.

Tags: CPACВенсМицкоскиСАД
Next Post

Снегот го парализира Истанбул: Босфор затворен, откажани летови

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk