ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Матичните лекари против новата обврска за верификација на телефонски броеви

February 26, 2025 16:37
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Здружението на приватни лекари во државава, Лилија Чолакова Дервишова попладнево за МИА изјави дека матичните доктори бараат да се најде друго решение за верификација на телефонски број, новина воведена од страна на „Мој термин“.

– Утрово имаше новина воведена од страна на „Мој термин“. На секој пациент како ќе влезе, мораше да им ги ажурираме телефонските броеви, да им пуштаме порака, па да се добие верификационен код, па да се внесе тој код. Имаше реакција од колеги, кои го изразија нивниот револт заради оваа промена, појасни Чолакова Дервишова.

Појасни дека во координација со матичните лекари било одлучено денеска во знак на револт, еден час да не се примаат пациенти, а лекарите да бидат на работните места и јасно да предочат дека за нив е неприфатлива оваа новина да биде задолжителна од 3 март.

– Трети март е понеделник, ден кога голем број лица ќе дојдат и ќе направат притисок. Дали да прегледуваме луѓе на кои им е лошо, со грип, да се занимаваме со прегледи или да бидеме телефонски оператори? Потребно е нашето време да им го посветиме на пациентите, а не на нивните мобилни телефони, нагласи Чолакова Дервишова.

Вели дека има и пациенти кои немаат телефон, пациенти кои не знаат да прочитаат СМС пораки, а меѓу пациентите има и деца.

– Нашето барање е ние да не се занимаваме со верификација на телефони. Да се најде некое друго решение за оваа административна работа, а ние да си ја работиме работата. Ние сме доктори, а не телефонски оператори. Не може некој без да нѐ праша, да нѐ консултира, да воведува ваква новост, децидна е Чолакова Дервишова.

Од Министерството за здравство пак, денеска информираа дека во насока на подобрување на достапноста на здравствените услуги за пациентите, во системот „Мој термин“ е воведена опцијата за верификација на телефонскиот број. Оваа мерка, како што посочуваат оттаму, има за цел да обезбеди пациентите навремено да добиваат известувања за закажани термини и други здравствени услуги, со што, како што велат, ќе се намалат пропуштените прегледи и ќе се оптимизира функционирањето на здравствениот систем.

Во моментов, посочуваат од Министерството, процесот не е задолжителен, но, во наредниот период ќе стане обврска при посета кај матичниот лекар.

Сепак, како што се наведува, системот предвидува исклучоци во одредени случаи – кога станува збор за итни медицински случаи кога внесувањето во системот ќе биде без верификација, а децата и изнемоштените лица ќе може да бидат верификувани преку друго лице – еден телефонски број за повеќе пациенти.

Корисниците на мобилната апликација „Мое здравје“ можат самостојно да ја завршат верификацијата, без вклучување на матичниот лекар.

– Важно е да се нагласи дека верификацијата се прави еднократно, што значи дека пациентите треба да го потврдат својот телефонски број само при првиот преглед. Оваа промена се базира на анализи што покажаа дека значителен број пациенти не се појавуваат на закажаните термини поради неажурирани телефонски броеви. На пример, повеќе од 50 проценти од пациентките со закажани прегледи за дојка не се појавиле, со што биле изгубени термини што можеле да бидат искористени за други пациенти, појаснуваат од Министерството за здравство.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Крим е Украина: Претседателот Зеленски, Кримската платформа, амбасадорката Дир, и ЦИВИЛ за Денот на отпорот против руската окупација на Крим и Севастопол

НАЈНОВО

Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани

October 12, 2025

(ВИДЕО) Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања, но ќе исчистиме

October 12, 2025
Фото скриншот

Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk