„Ова е тежок ден за српскиот народ“, рече Вучиќ, а потоа истакна дека во Бања Лука пристигнал поради две причини, по изрекувањето на пресудата за Милорад Додик во судот на БиХ, пренесе ДВ на српски јазик.
„Прво, да побараме од Додик да ги покани сите политички актери во БиХ, но и претставниците на ЕУ и САД и Руската Федерација и Кина, да започнат дијалог, да започнат разговори. Знам дека сега не му е лесно, но да ја покаже српската определба за мир, за решавање на проблемите со дијалог, а не со закани“, рече Вучиќ, прашувајќи во второто барање за единство кај српскиот народ.
„Ги поканувам да разговараме, на располагање сум. Ако ме поканат, нудам утре да дојдам во Сараево, каде сакаат ќе дојдам. Подготвен сум да разговарам“, изјави Додик по средбата со Вучиќ, нагласувајќи дека РС нема никакви воени планови и дека е подготвена да разговара.
Д. Т. / Цивил Медиа