ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски : Коцевски доби шанса, но освен внатрешни пресметки во обвинителството и браник на минатата власт друго не видовме

February 27, 2025 14:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека на јавниот обвинител Љупчо Коцевски му била дадена шанса, но оти во изминатиов период, како што рече, од него не се видело ништо друго освен пресметки со неистомисленици во обвинителството и последен браник за одговорноста на минатата власт.

– На Коцевски му оставивме шанса и покрај тоа што бевме свесни дека можеби јавноста нема со наклоност да гледа на таа одлука да оставиме шанса на и така потонатото во кал обвинителство и судство. Дадовме шанса што може да направат, дали може да излезат од таа политичка матрица во која поединци се наоѓаат, не сите. Не влеговме како другите влади од прв ден да се пресметуваме со обвинителот и да правиме маратонски седници и да менуваме закони. Рековме да оставиме простор, но освен внатрешна пресметка со неистомисленици во рамките на обвинителството, која се случи како резултат на процеси во позадина како исплатените дневници за поранешните специјални обвинители, друго ние не видовме. Друго беа изговори, рече Мицкоски, во одговор на пратеничко прашање за реформите во правосудството и барањето за разрешување на обвинителот Коцевски.

Според Мицкоски, од неколку проценти доверба што ја имаа граѓаните во судството и обвинителството, можеби сме сега на негативна нула.

Како што наведе, за да се покаже дека нема да биде „како до сега“ соочени се сите аргументи и констатирано е дека треба да се почне со барање одговорност од јавниот обвинител, кој смета дека од некои потези кои не личат на коректни и внатрешни пресметки во обвинителството, апсолутно ништо друго не прави.

– Почнавме постапка како влада, законски рокови и потоа сето тоа ќе дојде на собраниска седница. Има пратеници од политички партии во опозицијата наместо на страната на гласот на народот, застанаа во одбрана на Коцевски. Имајќи предвид дека довербата во обвинителството не е повеќе од 2-3 проценти, тогаш се поставува прашањето чиј глас го претставуваат бранејќи го Коцевски. Јас лично имам дилема дали е тоа морално или осмислена политичка стратегија? Главните критики од извештајот на ЕК се во делот на владеење на право, имплементација на реформи во правосудството, тогаш кого штитат? Каква е пораката што се испраќа? После се чудат зошто довербата кај граѓаните опаѓа и кај опозицијата, рече премиерот Мицкоски.

Тој посочи дека главните критики од извештајот на Европската комисија се токму во делот на владеењето на право, имплементација на реформи во судство и обвинителство  и порача дека мора да има недвосмислена борба против криминал и корупција.

– Целта е владеење на правото, рече Мицкоски.

Tags: Kоцевски .Мицкоски
Next Post

Лукаревска до Љутков: Зошто не се почитува Законот, се срамите ли што досега ништо не направивте за македонскиот јазик?

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk