No Other Land, приказната за палестинските активисти кои се борат да ги заштитат своите заедници од рушење од страна на израелската војска, го доби Оскарот за најдобар документарен филм.
Соработката меѓу израелски и палестински режисери го следи активистот Basel Adra додека ризикува апсење за да го документира уништувањето на неговото родно место на јужната граница на Западниот брег, кое израелските војници го рушат за да го користат како воена зона за обука.
„Го направивме овој филм како Палестинци и Израелци, затоа што заедно, нашите гласови се посилни“, рече израелскиот новинар и режисер Yuval Abraham. Тој искажувајќи ја својата благодарност за Оскарот, го критикуваше и владиниот режим на неговата земја за она што го нарече „ужасно уништување на Газа и нејзините жители“. И исто така повика Хамас да ги ослободи сите израелски заробеници.
No Other Land влезе во ноќта на Оскарите како еден од главните кандидати по успешното прикажување на филмските фестивали.
Во филмот, Abraham се вклучува во заедница која се бори против раселување, но се соочува со некои пречки од Палестинците кои го истакнуваат неговиот статус како израелски граѓанин. Adra вели дека не може да ја напушти Западната обала и е третиран како криминалец, додека Abraham може слободно да доаѓа и оди.
„Кога го гледам Basel, го гледам како мој брат, но ние сме нееднакви“, рече Abraham на сцена. „Живееме во режим каде што јас сум слободен според цивилното право, а Basel е под воени закони кои му го уништуваат животот. Постои различен пат, политичко решение без етничка супрематија, со национални права за двата наши народи.“
„Апелираме до светот да преземе сериозни мерки за да го запре ова неправда и да го запре етничкото чистење на палестинскиот народ“, рече Adra, палестински новинар и активист. „Пред два месеца станав татко, и мојата надеж за мојата ќерка е дека таа нема да мора да живее ист живот како мојот сега. … No Other Land ја одразува суровата реалност која ја преживуваме децении“, рече тој.
Документарецот беше сниман во текот на четири години, од 2019 до 2023 година, завршувајќи со продукцијата неколку дена пред да започне војната во Газа.
И покрај критичкото признание на филмот и освојувањето на Оскарот, тој сè уште останува без дистрибутер во САД.
Б. Т.







