Националната метеоролошка служба на САД денеска испрати предупредувања за „зголемена опасност од пожари“ во Северна и Јужна Каролина, а поради засилените ветрови и намалената влажност во воздухот.
Изминатитот викенд и вчера во двете сојузни држави беа регистирани над 175 пожари и беше наредена евакуација во населените места околу жариштата.
Пожарникарите продолжуваат да се борат со пожарите што започнаа да се шират во двете сојузни држави викендов, вклучувајќи го и големиот пожар на грмушести растеније што избувна недалеку од Муртл Бич.
Пожарот зафати територија од двете држави голема околу 2.000 хектари и е ставен под контрола само 30 проценти, според ажурираните податоци синоќа од противпожарната служба на округот Ори. Муртл Бич, позната туристичка дестинација, објави дека останува „отворен“ град и ќе продолжи да прима посетители и покрај блискиот шумски пожар.
Во округот Полк, околу градовите Трајон и Салуда, Северна Каролина, на 600 хектари се прошири друг шумски пожар кој до понеделник навечер бил ставен под контрола 63 отсто.
Населението од околу повеќе градови се евакуира, а откако гувернерот на Јужна Каролина, Хенри Мекмастер, прогласи вонредна состојба минатата недела, по приближно 175-те пожари регистрирани во двете држави.