ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Милошоски во одбрана на администрацијата на Трамп, го обвини Пендаровски за навреда на САД

March 9, 2025 11:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во објава не Фејсбук насловена „За дневно-политичките коментари на Пендаровски“, цврсто застана во одбрана на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и вели дека „Пендаровски јавно пласира навреди за САД“. Милошоски објави дека „проценките на Пендаровски треба да се земаат со голема резерва, бидејќи немаат доследност, а имаат повеќе оговарачка, отколку аналитичка основа!“.

„Тоа што Пендаровски јавно пласира навреди за САД и за нивниот новоизбран претседател може да се смета и како имплицитен став на СДСМ, но и како слобода на говорот. Сепак, владата на секоја демократска држава, во случајов САД, е прашање на избор на американските граѓани и Пендаровски, без разлика што е близок со тимот на Сорос, нема право да го оспорува демократскиот легитимитет на претседателот и владата на САД. Македонија и САД во 2008-ма потпишаа документ за стратешко партнерство и тој взаемно-корисен однос треба да се одржува и продлабочува, без разлика на менувањето на владите и претседателите во двете земји. Затоа Пендаровски, ако не може или не сака да И помага на Македонија на меѓународен план, барем нека не И одмага, како во времето кога главни советници за надворешна политика му беа Фрчкоски, Ана Чупеска и Артан Груби, како експерт за пари и ресурси!“, пишува Милошески.

Поранешниот претседател Стево Пендаровски не пласираше навреди за САД, во неговото вчерашно гостување на Сител телевизија.

Тој уште на почетокот изјави дека американските граѓани сами одлучуваат за тоа кој е на власт во САД, но, како што напомна, важно е ние како мала држава како ќе се поставиме наспроти тие глобални промени. Пендаровски изјави дека го загрижува позиционирањето на македонската Влада во поглед на новата американска администрација.

„Многу е важно како ние како мала држава, знаете во кој регион сме лоцирани, се поставуваме наспроти тие глобални промени. Трамп ја поремети глобалната рамнотежа, ја поремети внатрешно трансатлантската заедница, затоа што воведе царини и започна со офанзивни дејствија против своите најголеми сојузници досега и соседи, но она што посебно ме загрижува е позиционирањето на нашата нова Влада во однос на администрацијата на Трамп. Реченицата која ја кажа нашиот премиер Мицкоски по враќањето од Америка дека треба да се навикнеме на ова ново нормално и дека тоа ново нормално ќе го преплави светот, е опасна теза. Од новото нормално не се преплавени ниту Америка, Канада, Мексико, Велика Британија…“, рече Пендаровски во гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сител.

Ние како мала држава, наведе Пендаровски, двапати треба да мислиме пред да застанеме први до него и да кажеме другите да се редат. Не би истрчувал бидејќи ние не сме светска велесила., секој кој ја води македонската држава, претседател, премиер, мора да знае дека сме мала држава, меѓу најмалите на Балканот и дека  не ни личи, немаме ресурси, немаме интереси национални да бидеме први до американската држава и да велиме ние сме заедно до најсилните. Ако најголемите од Г7, Јапонија, ако тие не се наредија рамо до рамо со Трамп после изборите, туку вагаат, не можам да видам зошто е ова истрчување, рече поранешниот претседател.

Не велам,  вели тој, дека не треба да се дружиме со Американците или да бараме поддршка од Американците, само велам дека имаме два дела во евроатлантската алијанса, членки сме на НАТО, но сакаме и да бидеме и членка ан ЕУ. Ова не го врзувам со формалното членство, отсекогаш стратешки приоритет била целосната евроатлантска интеграција. Сега првпат во историјата се случува двете глави од двете страни на Атлантикот да се раздвојуваат, ќе видиме дали тоа ќе оди и понатаму, можно е, но ние како мала држава не смееме да бидеме за едниот против другиот бидејќи утре задутре големите ќе се договорат на некаков начин и ќе ни замерат, рече Пендаровски.

Ј. Ѓ.

Next Post

Беџети: ДУИ не најави бојкот на локалните избори, но можна е политичка криза

Shortcut

Најново

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk