Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) издаде наредба до правосудната полиција да ги уапси претседателот на Република Српска Милорад Додик, премиерот Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ, јавува Радио Слободна Европа (РСЕ).
Во наредбата за приведување се товарат дека сториле кривично дело „напаѓање на уставниот поредок“.
Наредбата беше издадена на денот кога Националното собрание на РС требаше да расправа за Нацрт-уставот на РС, со кој властите во РС планираат да го дефинираат тој ентитет во БиХ како држава на српскиот народ, да му дадат право на самоопределување, да формира сопствена армија и да го укинат Советот на народите.
Ова е наведено во работната верзија на новиот Устав на РС, до кој Радио Слободна Европа (РСЕ) имаше пристап и чии одредби се во спротивност со Уставот на Босна и Херцеговина.
Обвинителството издаде наредба за приведување до правосудната полиција и побара асистенција од Државната агенција за истраги и заштита СИПА, од каде потврдија дека е побарана помош.
Д. Т. / Цивил Медиа