ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Скопските болници хоспитализирани над 80 повредени од Кочани

March 16, 2025 09:06
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Пожар Кочани дискотека. Фото: Скриншот

Пожар Кочани дискотека. Фото: Скриншот

Во Скопските клиники, во Градската хируршка болница „Свети Наум Охридски “ и во „8 Септември“ хоспитализирани се повеќе од 80 потешко повредените лица во пожарот што ноќеска се случи во дискотека во Кочани.

Директорот на Градска болница „Свети Наум Охридски“ Небојша Насто потврди за МИА дека кај нив се примени досега 29 лица, меѓу нив и малолетници, со тешки изгореници на лицето, вратот и рацете.

Од ТОАРИЛУЦ за МИА изјавија дека кај нив досега примени се 31 лице, има и малолетници. Генерално сите со изгореници.

Во ГОБ 8 Септември, примени се 17 лица. На Детска хирургија четири лица.

Повеќето од повредените  лица во пожарот во дискотеката во Кочани што се случи ноќеска се пренесени во кочанската општа болница каде се уште им се укажува медицинска помош.

Во првичната информација од МВР за МИА, се посочува дека најмалку 50 лица се загинати во дискотеката во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група.

Според информациите објавени во дел од медиумите пожарот најверојатно настанал поради употреба на пиротехнички средства.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се очекува да даде изјава за медиумите за трагедијата.

На местото на несреќата е и премиерот Христијан Мицкоски.

Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Бројот на жртви и повредени се утврдува. Се уште се преземаат дејствија и се врши увид.

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување.

Tags: КочанипожарТРАГЕДИЈА
Next Post
Пожар Кочани дискотека. Фото: Скриншот

Видео од почетокот на пожарот во дискотеката во Кочани

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk