На социјалните мрежи се појави снимка од трагедијата во Кочани која покажува како почнал да се шири пожарот во дискотеката Пулс во Кочани во кој според неофицијалните информации загинаа најмалку 50 лица.
За време на концертот започнала да гори кровната конструкција на објектот над главите на посетителите.
На снимката се слуша како Панчо од ДНК ѝ вели на публиката „Идете надвор, идете надвор“, додека на плафонот може да се види како се шири линијата на огнот, и се забележува чад кој доаѓа од сцената, најверојатно од ПП апарат за гасење пожар.
Неофицијално, пожарот настанал од несоодветна употреба на пиротехника.