ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Андроид“ најкористен оперативен систем за паметни телефони

March 17, 2025 16:23
in TECH FRONT, ДЕНЕС, МАГАЗИН

Ново истражување на аналитичката компанија „Каунтерпоинт рисрч“ (Counterpoint Research) за четвртото тримесеечје од 2024 година потврдуваат дека „Андроид“ (Android) и натаму е најкористен оперативен систем за паметни телефони.

Податоците говорат дека „Андроид“ сѐ уште ја држи водечката позиција. На второ место е „Епл ИОС“ (Apple iOS), а на трето место е „Хуавеј хармони-ОС“ (Huawei HarmonyOS), којшто постигна значителен раст во Кина во посоченото тримесечје.

Иако продажбата на паметни телефони на светско ниво останува стабилна, аналитичарите сметаат дека на одредени пазари се бележат значителни промени. Во Кина, на пр. „Хармони-ОС“ го престигна „ИОС“ и продолжи со својот брз раст, што ѝ се припишува на поддршката на кинеската Влада, којашто субвенционира купување телефонии што чинат до околу 800 евра, за да го стимулира економскиот развој.

Дополнително, како што се наведува – „Андроид“ го достигна својот најнизок пазарен удел во историјата во клучните подрачја, како САД и Индија. Во САД, продажбата на уредите на „Моторола“ и „Гугл“ донекаде го ублажи падот на помалите производители, додека продажбата на „Ајфон“ падна за само еден отсто. Од друга страна, Индија бележи рекордна продажба на „Ајфони“, при што две третини од продадените уреди се постари модели.

Аналитичарите забележуваат дека овие податоци ја потврдуваат континуираната фрагментација на светскиот пазар на паметни телефони, при што кинескиот пазар сѐ повеќе се одвојува од западните трендови.

„Хармони-ОС“ одржуваше стабилен удел на светскиот пазар од четири отсто преку целата година, останувајќи трет по големина играч во областа на оперативните системи. Но, во Кина го надмина некогаш популарниот „ИОС“. Сепак, „Каунтерпоинт“ во статистиката не споменува дали како дел од истиот систем го сметаат „ЕМУИ“ – глобалната верзија на корисничкиот интерфејс на „Хуавеј“, но истакнуваат дека тоа не ја менува целокупната слика.

Tags: Андроиднајкористеноперативен систем
Next Post

Со разумно готвење може да се заштеди струја

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk