ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Со разумно готвење може да се заштеди струја

March 17, 2025 16:25
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Според нови податоци, едно домаќинство со три лица користи околу 11 отсто од вкупната енергија потрошена во домаќинството за готвење и подготовка на храна. Следниве трикови може да помогнат да се заштеди енергија доколку постојано ги следите. На овој начин ќе придонесете и за заштита на животната средина, и за „состојбата“ во паричникот.

Имено, тоа може да се направи со мали промени коишто не бараат жртви во прилагодувањето на стилот и животните навики, ниту ќе одземат од Вашето време. Напротив, овие постапки ќе помогнат во заштедата на време, пишува порталот „Кликс“ (Klix).

Користете го капакот во готвењето

Варењето храна во тенџере со капак е трипати поделотворно отколку непокриено. Така, кога се готват тестенини, компири или зеленчук – покријте го садот. Така водата побрзо ќе зоврие, бидејќи топлината не бега од тенџерето, а храната ќе се свари за помалку време.

Ускладете ја големината на тенџерето со онаа на ринглата

Ако користите само мала тава, ставете ја на соодветно мала рингла на шпоретот. Користењето преголем пламеник ќе овозможи топлината да излезе во просторијата, а на храната само ќе ѝ треба подолго време за да се зготви. Ќе заштедиме и пари, енергија и вода, и ако во тавата или тенџерето ставиме само онолку вода колку што ни е потребно, па со тоа го забрзуваме и процесот на загревање.

Отворете ги рерната и фрижидерот само кога тоа е потребно

Вратата од рерната и фрижидерот се отвораат само кога тоа е апсолутно неопходно. Кога ќе ја отворите вратата од фрижидерот, го испуштате ладниот воздух и внатре се загрева, што значи дека на тој уред за домаќинство му треба повеќе енергија за да ја врати претходната состојба.  Истото важи и за рерната ако ја отворите вратата за време на готвењето – се ослободува топлината, па за враќање троши дополнителна енергија.

Совет: Кога ќе го отворите фрижидерот, обидете се да извадите сè што ви треба од него што е можно побрзо.

Планирајте го печењето во рерната однапред

Тука советот гласи: Искористете ја рерната со печење поголеми количини одеднаш, за да нема повторно загревање на истата.

Шпоретот може и да се исклучи пред да истече одреденото време за готвење, бидејќи топлината и во исклучена и затворена рерна ќе продолжи да ја загрева храната некое време.

Изберете го вистинскиот уред и сад

Најоптималниот начин на готвење е секогаш вистинскиот избор. Во зависност од јадењето и количината што се подготвува, се избира најмалиот можен апарат. За потпекување една или две кришки леб, рерната е сосема неекономичен „тостер“. За помала количина компири, тавата за пржење ќе биде поштедливна од загревањето цела рерна. Така ќе се заштеди енергија, а оброкот нема да биде ништо помалку вкусен поради тоа.

Tags: готвењеструја
Next Post

Владата на Федерацијата БиХ прогласи 18 март да биде Ден на жалост поради трагедијата во Северна Македонија

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

November 17, 2025

Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

November 17, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

November 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ВИ актерка

    (ВИДЕО) Креаторката на контроверзната ВИ-актерка Тили Норвуд најави уште 40 дигитални ликови – Холивуд во паника

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk