Претставници на локалната самоуправа, пратеници, членови на општинскиот совет ученици и граѓани на комеморативен собир на градскиот плоштад во Гостивар искажаа почит и сочувство на семејства на настраданите во кочанската трагедија. Градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани во име на администрацијата и гостиварци искажа жалење за трагичниот настан.
– Се собравме тука, гостиварци, да одадеме пред сè почит, но и да се солидаризираме со сите семејства кои ги изгубија своите најблиски во овој трагичен настан. Во исто време да им испратиме и пораки на сите оние кои се засегнати и се лекуваат во болниците што побрзо да закрепнат и да се надеваме дека нема да има други жртви во овој немил настан, рече градоначалникот Лимани.
Присутните со едно минутно молчење оддадоа почит кон жртвите и покрај табла со натпис беа положено цвеќе.
Дел од учесниците на собирот држеа и транспаренти на кои имаше пораки со жалење и поддршка на семејстватата засегнати од трагичниот настан.