ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Калас: Расизмот продолжува да биде пречка за правдата, еднаквоста и целосната инклузивност во општествата низ ЕУ

March 21, 2025 09:06
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА

И покрај напредокот, расизмот продолжува да биде пречка за правдата, еднаквоста и целосната инклузивност во општествата низ Европската Унија, нагласи високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас по повод Меѓународен ден за елиминација на расната дискриминација – 21 март.

– Продолжувањето на дискриминацијата и нејзиното длабоко влијание врз поединците и општествата, во голема мера бара политичка волја, зајакнато спроведување на постојното законодавство и колективна посветеност на трајни промени, наведе Калас во писмената изјава.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Калас посочува дека пред 60 години, меѓународната заедница презеде историска заложба за иднина ослободена од расизам со усвојувањето на Меѓународната конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација, како значаен договор кој го зацврстува правото на еднаквост и достоинство за сите.

– Сепак, расизмот опстојува во многу облици, што ја прави Конвенцијата витална денес како што беше и во 1965 година. На оваа 60-годишнина, повикуваме на обновени активности за да се осигураме дека Конвенцијата целосно и ефективно се спроведува во целиот свет, нагласи Калас.

Таа потенцира дека со Акцискиот план за борба против расизмот 2020-2025 година, ЕУ ги зајакна националните стратегии на своите земји членки, го зголеми финансирањето на антирасистички иницијативи и го подобри прибирањето податоци за поддршка на поинформирано креирање политики.

– ЕУ останува цврста во својата заложба за борба против расизмот во сите негови форми и за решавање на неговата структурна димензија, како во нашата Унија, така и низ целиот свет. На овој ден, ние стоиме обединети со сите оние кои се борат за достоинство, инклузија и еднаквост, потврдувајќи ја нашата посветеност за градење свет каде што се почитуваат човековите права и на сите им се даваат еднакви можности, порача Калас, најавувајќи дека до крајот на годината Европската комисија ќе ја претстави својата прва антирасистичка стратегија.

Tags: дискриминацијаЕУрасизам
Next Post
Главниот оддел на Државната служба за итни случаи на Украина во регионот Одеса

(ВИДЕО) Жртви и уништување во Одеса во рускиот масивен терор со дронови

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk