ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Таравари: Десет повредени во пожарот во Кочани ќе бидат пуштени на домашно лекување, на лекување остануваат 162 пациенти

March 21, 2025 11:48
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на повредени пациенти кои моментално се лекуваат од здобиените повреди во пожарот во Кочани е 162. Денеска десет од пациентите што лежат на клиниките низ државава ќе бидат пуштени на домашно лекување, а вчера од болница биле пуштени тројца пациенти, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

– Моментално на Клинички центар лежат 25 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ лежат 12 пациенти, во Градска општа болница 11 и во Штип еден пациент.
Исписи имаме – еден пациент од Штип, еден испис од Детска хирургија, три ќе се испишат од Торакална хирургија. Во „Систина“ и „Жан Митрев“ вкупно се лекуват 9 пациенти, од нив пет денес се испишуваат, рече Таравари.

Министерот кажа дека 115 пациенти се на лекување надвор од државата. Освен еден пациент кој се лекува во Турција, останатите се во сериозна, но стабилна состојба.

– Вкупно 115 се на лекување надвор од државата. Во Србија 30, тоа е објавено на веб страната на Министерството, од кои веќе двајца се екстубирани.
Во Бугарија 15 пациенти од коишто тројца се веќе екстубирани, значи се во стабилна состојба. Во Грција 12, од кои двајца се критични. Во Анкара шест пациенти се екстубирани, додека исто толкав број се екстубирани и во болницата во Истанбул, додаде Таравари.

Во Шпанија, како што кажа, се лекуваат седум пациенти, во Австрија пет, во Унгарија шест пациенти, од коишто веќе еден е фебрилен и еден со кашлица, другите се во стабилна состојба.

– Во Хрватска се пет пациенти, еден е интубиран стабилен и четири други се во сосема стабилна состојба. Во Словенија се вкупно четири пациенти од кои три се во посериозна состојба. Во Литванија се четири пациенти, едниот и таму е екстубиран, значи во подобра сосотјба. Во Белгија четири пациенти од кои сите четири се во стабилна состојба. Во Италија четири пациенти кои се веќе на нога. Значи можеби идната недела ќе зборуваме и за протоколи за враќање на овие пациенти. Во Шведска се четворица пациенти, двајцата сосема во стабилна состојба и во Полска се двајца пациенти од кои само едниот интубиран, рече Таравари.

На денешниот состанок на Кризниот штаб била отворена и темата на враќање на пациенти од идната недела.

– Имаме најави од одредени држави каде пациентите се во добра состојба, со цел да подготвиме протоколи како ќе биде нивното враќање, дали ќе треба да се сместуваат откако ќе бидат прегледани од наши доктори. Тие што се во добра состојба после прегледот од доктор може да се пуштат и да одат дома, рече тој.

Според него, следната фаза се можните инфекции кај овие пациенти и затоа треба да се превенира максимално за да не настанат компликации.

Tags: Кочанипациентипуштени домаТаравари
Next Post

Црвен крст: Досега собрани 43.149.360 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk