ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Татнежот“ на револтот..!

March 24, 2025 10:44
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРАГЕДИИ, ФРОНТ

Пишува:  ДЕСТАН ЈОНУЗИ

Кочанската трагедија јасно покажува дека Македонија сè уште не е подготвена институционално да се справува со ваквите состојби, без тенденции за политичка корист од несреќите на граѓаните.

Дали кочанската трагедијата може да предизвика реакција и граѓански револт слична на онаа во Белград, каде протестите беа предизвикани од несреќи во кои животот го загубија млади луѓе?

Дали овие несреќи можат да ги урнат владите? Ова е добра можност луѓето да почнат да сфаќаат дека ниту еден инцидент, убиство, несреќа или слично, не се случува случајно.

Тоа што се случи во Македонија е трагедија. Причина за пожарот во дискотеката каде животот го загубија 59 млади луѓе е електрична искра.

Трагичниот настан во Северна Македонија, за мене, почнува да наликува на настаните во Белград од 1 ноември, кога се урна таванот на железничката станица, при што загинаа шеснаесет луѓе.

Ќе се случи ли истото во Северна Македонија, дали народот ќе ги исполни улиците, како последица на трагедијата што се случи во младинската дискотека, останува да видиме!

Додека револтот е сè поголем, протестите се помасовни во различни градови на Северна Македонија, владата се обидува да ги убеди граѓаните дека истрагата е во тек и сè уште не е завршена, а овој растечки граѓански револт го гледа како „дестабилизација“ – што може да ја разниша нејзината удобност во белиот дворец на улицата Илинденска без број.

Но, барањето за целосна истрага, изразувањето на нивната огорченост и револт од селективната реакција кон директно инволвираните во трагедијата на никаков начин не е дестабилизирачки процес.

Со терминот дестабилизација власта се обидува да внесе страв кај слободоумните и активни граѓани во општеството?

Ваквите трагедии ја истакнуваат волјата на власта да им ја покаже на граѓаните грижата за нив и да не се плашат дека некој може да ги фати за уши дури и без никаква вина, додека е на Божјиот пат!

Ако фаќањето за уши значеше волја на власта за темелна истрага за кочанската трагедија, тогаш ќе имавме неколку морални оставки – прво во МВР, потоа во Управата за јавни приходи, Пазарниот инспекторат итн.

Па за да се покаже дека може да се фатат „уши“, ги фаќаат само на оние против кои тоа може да се направи спектакл и политички да се има корист од трагедијата!

Бог да ве благослови!

Неодговорноста и политизирањето на трагедиите го направија системот убиствен, а во Кочани одзеде десетици млади животи.
Овој несреќен аларм веќе го разбуди општеството! Реакцијата е жестока и масовна!

Доколку оваа многу сериозна и трагична лекција не се научи и гласовите на граѓаните кои протестираат не бидат соодветно разбрани од институциите, инспекторатите, градоначалниците, сопствениците и управителите на клубови, кабареа и дискотеки, тогаш „татнежот“ на револтот нема да престане со години!


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: ВладаДестан Јонузипротеститрагедија во Кочани
Next Post

Таравари: Очекуваме осум пациенти неделава да се вратат од странство, четири во критична состојба

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Зеленски по пристигнувањето во Вашингтон: Се надева дека заедничката сила на Украина, САД и Европа ќе ја присили Русија на мир

August 18, 2025

Трамп: Зеленски би можел да ја заврши војната со Русија речиси веднаш

August 18, 2025

Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk