ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски: Кочани ќе биде наш главен приоритет во периодот којшто следи

March 25, 2025 13:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРАГЕДИИ
Фото: Влада

Фото: Влада

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека покрај покривање на здравствените трошоци на пациентите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Владата ќе одвои два до три пати повеќе средства за Кочани во делот на инвестиција во инфраструктурните проекти, како и дека веќе преговара со две компании за кои биле утврдени местата на инвестиции, да се пренасочат во индустриската зона во Кочани.

– Кочани ќе биде наш главен приоритет во периодот којшто следи, како што беше и во минатото исто така. Ќе бидат средствата зголемени во периодот што следи, во делот на инвестиции во Кочани, но ќе биде и приоритет во делот на обезбедување инвеститори и креирање на нови добро платени работни места во иднина. Веќе со две такви компании разговараме, преговараме, иако беа веќе утврдени местата на инвестиции, сега тие ќе се пренасочат во Кочани, во зоната таму. Но, исто така и ние како Влада преку овој проект за којшто денеска зборуваме ќе одвоиме два до три пати повеќе средства за Кочани, во делот на инвестиција на инфраструктурните проекти, рече Мицкоски.

Во врска со повредените од пожарот, Мицкоски рече дека поминати се двата критични периоди, односно првите 72 часа и 7 дена. Истакна дека повеќе од 50 до 80 отсто и покрај тешката состојба во моментов се стабилни, но, рече, има пет или шест случаи кои што се критични.

– Продолжуваме да се грижиме за сите оние повредени лица. Можам да кажам дека поминаа оние два критични, можеби најкритични меѓника, тоа е 72 часа и 7 дена. Од тие речиси 200 повредени коишто најголемиот дел имаат изгореници и повеќе од 50% до 80% и покрај тешката состојба, сите се во моментот стабилни, иако имаме пет или шест случаи коишто се критични, но се бориме и ќе продолжиме да се бориме, рече Мицкоски.

Додаде дека ова беше прецизна и точна реакција, благодарение на медицинските тимови кои што ја дале потребната прва помош во Кочани и Штип, но и во Скопје. Упати благодарност и до сите институции кои што помогнале во несреќата.

– Тој ден навистина сè функционираше, но и деновите потоа, беспрекорно. И ние сите должиме една огромна благодарност. Сите оние лица, а тоа се повеќе од стотина, се веќе надвор, згрижени, со двајца членови на нивните семејства. Како Влада, ние го обезбедивме и превозот и сместувањето таму и ќе продолжиме да се грижиме. Од информациите со кои располагам, од Министерството за здравство, дел од пациентите ќе почнат да се враќаат, дел коишто се хоспитализирани кај нас се отпишуваат, односно откако е пружена негата, одат во домашно лекување, рече Мицкоски.

Next Post
фото Х

Кремљ го откажа најавеното објавување на детали од разговорите со САД за Украина

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk