ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Папуа Нова Гвинеја го забрани „Фејсбук“

March 26, 2025 15:05
in ДЕНЕС, МАГАЗИН

Папуа Нова Гвинеја официјално го блокираше пристапот до „Фејсбук“. Властите потегот го нарекоа „тест за ограничување на говорот на омраза, дезинформациите и порнографијата“, пренесуваат западните медиуми.

Ненадејната забрана што почна оваа недела, наиде на критики од опозицијата, која тврди дека на овој начин се прекршуваат човековите права. Министерот за полиција Петер Цималили ја објасни мерката на Владата, како „заштита на граѓаните од штетна содржина“, нагласувајќи дека тоа не е обид да се потисне слободата на говорот. Фејсбук е најпопуларната социјална мрежа во оваа земја – ја користат околу 1,3 милиони луѓе, вклучувајќи ги и малите бизниси коишто се потпираат на оваа платформа за продажни цели.

Забраната доаѓа неколку месеци по усвојувањето на новиот антитерористички закон, којшто на Владата ѝ дава овластување, меѓу другото, и да следи и ограничува онлајн-комуникации.

-Влегуваме во опасна област и сите се немоќни да ја запрат оваа тиранија, изјави опозицискиот пратеник Алан Брид.

Социјалните медиуми се клучни за олеснување на јавниот дискурс во време на намалување на слободата на медиумите во оваа земја. Претседателот на Советот за медиуми, Невил Чои смета дека овој потег значи уште помала слобода на изразување.

-Тоа се граничи со политичка автократија и кршење на човековите права. Уште позагрижувачки е фактот што најмалку две владини агенции што ги надгледуваат комуникациите и технологијата, известија дека не биле запознаени со плановите на Владата, и покрај тоа што полицијата тврди дека „тестот“ се спроведува во соработка со тие агенции, тврди Чои.

И покрај забраната, многу корисници сè уште можат да пристапат на „Фејсбук“, користејќи Виртуелна приватна мрежа (ВПН).

Инаку, и во 2018 година, „Фејсбук“ беше забранет на еден месец, бидејќи властите, според објаснувањата, се обидоа да ги искоренат лажните профили. Во тоа време се говореше и за можна државна мрежа, како алтернатива. Во 2023 година, Владата на Папуа Нова Гвинеја почна истрага за „лажни вести, лоши вести и социјални медиуми“ во земјата.

Tags: забраниПапуа Нова ГвинејаФејсбук
Next Post

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во Албанија за 5 години конфискувани над 180 милиони евра од кривични дела; Косовското обвинителство започна истрага за гласањето по пошта; Путин, Трамп и Платон ја прекројуваат Европа

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk