ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Северна Македонија одбележува пет години членство во Алијансата, вицепремиерот на анти-НАТО собир

March 27, 2025 12:11
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Република Северна Македонија денеска одбележува пет години од зачленувањето во НАТО откако на денешен ден во 2020 година стана 30-та членка на Алијансата. Членството на земјата во НАТО беше оценето како најголемо достигнување во историјата на државата. Со тоа, земјата реализираше една од нејзините стратешки цели.

По повод петгодишнината денеска во Клубот на пратеници во Скопје ќе се одржи средба на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со амбасадорите на земјите-членки и партнери на Алијансата. Според агендата, на почетокот на настанот ќе се обрати министерот Муцунски по што ќе следи затворена дискусија.

И додека земјава ја одбележува пртгодишнината од членството во Алијансата, со што беше исполнета една од стратешките цели на државата, дел од државниот врв присуствува на анти-НАТО собири во соседството.

Вицепремиерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ присуствуваше на комеморацијата на Денот на сеќавање на жртвите од бомбардирањето на НАТО врз СР Југославија во 1999 година, на аеродромот во Батајница, крај Белград, во првиот ред во друштво на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Република Српска, Милорад Додик. Дали вицепремиерот со ова сакаше да испрати сигнал до Алијансата за тоа каде се позиционира државата во новите геополитички групирања?

Премиерот, кој и самиот додека беше во опозиција беше против процесите кои доведоа до членство на нашата земја во Алијансата, немаше јасен одговор зошто неговиот заменик присуствувал на настанот во Белград.

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на авторот
Next Post
Фото: Влада РСМ

Муцунски: Силата на солидарноста е главната карактеристика на НАТО сојузот, а во случајот со трагедијата во Кочани беше демонстрирана од се срце

НАЈНОВО

Зеленски: Руските напади врз Украина се циничен обид за попречување на мирот

August 18, 2025
Фото: Википедија

„Рајанер“ отвора нова база на аеродромот во Тирана – повеќе од 450 летови неделно до вкупно 33 дестинации во 13 земји

August 18, 2025
Дестан Јонузи

Македонската фарса на ветувањата

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk