ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Надворешно-политичките, безбедносните, одбранбените и економските предизвици на ЕУ главни теми на овонеделната сесијата на ЕП

March 31, 2025 09:32
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Предизвиците со кои се соочува ЕУ, нејзините надворешна и одбранбена политика, безбедност и подготвеност и прашања поврзани со челичната и металската индустрија, енергијата и Унијата за штедење и инвестиции, ќе бидат главни теми на овонеделното заседание на Европскиот парламент во Стразбур.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, пленарната сесија почнува доцна попладнево со дебати за Предлог-буџетот на ЕУ за 2026 година, за Унијата за штедење и инвестиции, за Европскиот културен компас, за академската слобода на европските академици и истражувачи во САД, како и за демократскиот плурализам и зајакнување на интегритетот, транспарентноста и антикорупциските политики во блокот. По дебатите пред пратениците ќе бидат презентирани извештаи поврзани со хемикалиите.

Утре заседанието ќе започне со дебата по заклучоците од Самитот на ЕУ одржан на 20 март, во чии рамки европратениците ќе расправаат со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за предизвиците со кои се соочува Унијата, поврзани со конкурентноста, одбраната и безбедноста, состојбите во Украина и на Блискиот Исток, Повеќегодишната буџетска рамка за по 2027 година, како и со миграцијата и мултилатерализмот.

По ова, ќе следи и дебата за „руските воени злосторства во Украина“ и поддршката за Киев во остварувањето на правдата, како и гласања по барањата за одземање на пратеничките имунитети на европратениците Јана Наѓова (Чешка), Петр Бистрон (Германија), Мачеј Васик (Полска) и Мариуш Камињски (Полска), за избор на Романецот Лучиан Ромашкану за член на Европскиот судот на ревизори, како и за неколку резолуции поврзани со хемикалиите, за макрофинансиска помош за Јордан и за Египет и за „Царините за увоз на одредени производи по потекло од САД“.

Во попладневното продолжение на сесијата европратениците со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас ќе дебатираат за заедничките цели за надворешната, одбранбената и безбедносната политика на Унијата за 2025 година, при што се очекува тие да побараат зголемување на инвестициите во европскиот одбранбен сектор, зајакнување на воената и политичката поддршка за Украина, поголемо присуство на блокот на Блискиот Исток и за засилување на поддршката на земјите опфатени со процесот на проширување. Од оваа дебата треба да произлезе резолуција, по која европратениците ќе гласаат в среда.

По оваа, на заседанието ќе се дебатира за подобрување на безбедноста и подготвеноста на ЕУ, во чии рамки Европската комисија пред европратениците ќе ја претстави својата Стратегија за внатрешна безбедност, како и планот за изградба на „Унија на подготвеност“, со цел подобра координација при одговор на кризи, заштита на основните услуги, складирање на критични материјали и подобрена соработка меѓу цивилниот и воениот сектор.

На вечерното продолжение на утрешната сесија ќе се одржат дебати за подобра имплементација на кохезивната политика на ЕУ, за заштита на демократските медиуми, како што е Радиото Слободна Европа/Радио Слобода, за состојбата со демократијата во Турција поврзана со апсењето на истанбулскиот градоначалник Екрем Имамоглу, за нападите врз христијаните во Демократска Република Конго и за случувањата во Појасот Газа, при што се очекува европратениците да повикаат на итна обнова на прекинот на огнот и на продолжување на ослободувањето на израелските заложници од страна на Хамас.

В среда претпладне ќе се одржи клучната дебати на овонеделното заседание на Европскиот парламент, посветена на новиот Акциски план на Европската комисија за челикот и металите и за енергетски интензивни индустрии. По неа ќе следи и расправа за напорите под покровителство на ОН за продолжување на преговорите за решавање на кипарскиот проблем.

Во терминот предвиден за гласање, меѓу другото, европратениците ќе треба да се изјаснат за насоките за буџетот на ЕУ за 2026 година, за Договорот за соработка помеѓу Евроџаст и властите на Босна и Херцеговина за кривични прашања, за годишните извештаи за 2024 година за имплементација на заедничката надворешна и безбедносна политика и на заедничката безбедносна и одбранбена политика и за состојбата со човековите права и демократијата во светот и за резолуциите за зголемување на безбедноста на личните карти на граѓаните на Унијата и за енергетски интензивните индустрии.

По гласањето ќе се одржат тематски дебати за животниот стандард, заштитата на работните места, платите и здравјето на жителите на ЕУ, како и за „закани по основните права во Унгарија“ во контекст на „неодамна усвоените законски измени и нивното влијание врз основните права“.

По ова, попладневниот и вечерниот дел од сесијата европратениците ќе расправаат за улогата на трансевропската транспортна инфраструктура, за Европскиот пакт за океаните, за резултатите од неодамнешните преговори за биолошка разновидност во Рим, за спроведувањето на стратегиите на ЕУ за Ромите и за борбата против дискриминацијата, како и за прекршувањата на човековите права, демократијата и владеењето на правото во Камерун, Иран и Белорусија.

На последниот ден на овонеделната сесија на Европскиот парламент, в четврток, ќе се одржат дебати за Европскиот акциски план за ретки болести, за воспоставување на Европски ден на праведните, за 110-годишнината од „ерменскиот геноцид“ и за заштита на пациентите од ЕУ во странство.

В четврток европратениците ќе гласат за резолуции за Камерун, Иран, Белорусија и ДР Конго, како и за проценките на приходите и расходите за финансиската 2026 година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕПЕУ

НАЈНОВО

Фото: Х. Мицкоски ФБ

СДСМ: Касно му е на Мицкоски да признава дебакл на Владата – кој ќе одговара за хаосот што го создаде?

May 18, 2025

Орбан му се пожали на Руте и побара НАТО да го спречел „клеветењето“ од Украина

May 18, 2025
Фото: Кабинет на претседател на Украина

Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk