ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

САД продолжуваат со депортации на осомничени криминалци во озлогласениот затвор во Ел Салвадор

April 1, 2025 09:46
in ДЕНЕС, СВЕТ

Уште 17 наводни припадници на  банди се депортирани од САД во озлогласениот затвор со максимална безбедност во Ел Салвадор, соопшти државниот секретар Марко Рубио. На почетокот на март, Вашингтон овде испрати група од 261 лице, претежно составена од Венецуелци.

Постапките на администрацијата на претседателот Доналд Трамп укажуваат на строго држење до политиката на депортации во  елсалвадорскиот Центар за задржување на терористи, што се смета за најголемиот затвор во светот, познат и како CECOT (Centro de Confinamiento del Terrorismo), напиша синоќа „Волстрит журнал“.

Групата била составена од „насилнички криминалци“, членови на венецуелската банда „Трен де Арагуа“ и елсалвадорската МС-13, изјави Рубио во порака на „Икс“, додавајќи дека тие биле „убијци и силувачи“.  Пентагон пак, укажа дека операцијата била „успешна антитерористичка мисија“.

Наиб Букеле, претседател на Ел Салвадор, ја пофали „заедничката воена операција“. Видеото со драматична филмска музика ги прикажува депортираните како се спроведуваат од војници при симнување од товарен воен авион, се транспортираат до казнениот дом каде им се бричат главите и се заклучуваат во ќелии.

Огромниот затвор е изграден од Букеле и е главен дел од неговата кампања за борба со нарко картелите во земјата. Американската влада веќе по втор пат испраќа Венецуелци овде, за кои тврди дека се членови на насилната улична банда. Затворот можае да прими 40.000 затвореници и таму моментално лежат околу 15.000 осомничени членови на банди од Ел Салвадор и околните земји, од кои најголем дел се осудени на доживотен затвор.

Борците за човекови права укажуваат дека Букеле, кој победи на демократски избори во 2019 година, станува авторитарен лидер и многу од овие затвореници се држат неправедно. Трамп бара начин да започне со депортации овде и на осудени државјани на САД, јавија дел од американските медиуми. Во посета на објектот минатата недела беше министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноeм.

Засега, Вашингтон се повикаува на закон од 18 век, познат како Акт за непријатели странци (Alien Enemies Act), што дозволува депортации без судски процес на лица од земји со кои САД се во војна.  Трамп се повикува на овој закон кога вели дека бандата, позната како „TdA“, навлегла во САД и правела хаос.

Американските власти  укажуваат дека депортациите во елсалвадорскиот затвор се со цел да се изврши притисок врз Венецуела да прифати летови со депортирани државјани. Јужноамриканската земја отпрвин не сакаше да го прави тоа, но минатата недела почна да прифаќа летови со депортирани од САД. Високи функционери ги пречекувале депортираните, а владата изјави дека „миграцијата не е злосторство, и правиме сè за да ги  спасиме нашите браќа киднапирани во Ел Салвадор“.

Tags: депортациикриминалциСАД
Next Post

Сојузниците на Марин Ле Пен во Русија и десничарите од ЕУ застанаа во одбрана на лидерката на француската екстремна десница

НАЈНОВО

Man beating up his wife illustrating domestic violence

ДЗР: Системот за заштита на жените жртви на насилство е недоволно ефикасен

August 21, 2025

КОНКУРС за годишна награда „Илија Жупаноски“ за новинари, граѓански организации и поединци кои придонесуваат во справувањето со дезинформациите во земјата

August 21, 2025
Фото: МИА

Првата награда „Златен стрип“ за Марко Стојановиќ, Милорад Вицановиќ Маза и Аљоша Томиќ од Србија

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk