ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кривична пријава за полициски службеници за малтретирање во вршење на службата и нарушување на неповредливоста на домот

April 3, 2025 16:27
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднел кривични пријави против  М.Т., С.Р., и Ф.Ѓ., полициски службеници од ПСОН Аеродром при СВР Скопје, за кривични дела „малтретирање во вршење на службата“ и „нарушување на неповредливоста на домот“.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, кривичните пријави се поднесени до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.

-Првопријавениот М.Т. и второпријавениот С.Р. на 24.02.2025 пред влезната врата од станот сопственост на лице од Скопје, го известиле дека се дојдени да извршат службен разговор во врска со поднесена поплака од неговата сопруга, но тој не им дозволил  да влезат, бидејќи немале налог од суд за влез во неговиот дом. Потоа М.Т. неовластено влегол во домот и насилно почнал да го влече оштетениот, го удирал по ногата и се обидел да го лиши од слобода, при што дејствијата ги презел пред малолетниот син на оштетениот. Со тоа М.Т. сторил две кривични дела односно кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од КЗ и кривично дело „нарушување на неповредливоста на домот“ по член 145 ст.2 од КЗ, додека второпријавениот С.Р. заедно со третопријавениот Ф.Ѓ. сториле кривично дело „нарушување на неповредливоста на домот“ по член 145 ст.2 од КЗ, информира МВР.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полициските службеници М.Т., С.Р. и Ф.Ѓ. поднел и предлог за поведување постапка за утврдување одговорност за кршење на работната дисциплина и за отстранување од работно место – суспензија до завршување на дисциплинската постапка.

Next Post

Во Турција уапсени 11 лица поради повик на бојкот на продавниците

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk