ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

15: Герила акција пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, нема активна 5G мрежа во земјата, 22 заболени и 1 починат од Ковид-19 во последните 24 часа…

March 28, 2020 14:48
in ON THE HOUR, ДЕНЕС

ВО изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (9), Куманово (3), Струга (3), Тетово (2), Дебар (2), Прилеп (2), Битола (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 241 лице.

Утрово почина една пациентка на 66 годишна возраст од околината на Струга. Таа и нејзиниот сопруг се дијагностицирани позитивни на коронавирус во текот на вчерашниот ден. Пациентката имала срцева болест, хронична белодробна болест и покачен крвен притисок.

*

„КАКО одговорна партија целосно сме фокусирани во поддршка на институциите кои бескомпромисно се борат против заканата од ширењето на коронавирусот“, изјави Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ, на денешната прес конференција.

Николовски упати апел до граѓаните целосно да ги почитуваат мерките и преораките на надлежните органи во време на пандемија од Ковид-19.

*

ДИРЕКТОРКАТА на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева изјави дека новиот корона вирус ја турна глобалната економија во рецесија и оти државите треба да одговорат со огромно зголемување на потрошувачкатаза да ја избегнат потенцијалната серија банкроти.

Таа преку видео-конференцја, одржана синоќа во Вашингтон истакна дека на земјите во развој им се потребни најмалку 2,5 билиони долари финансиска помош за да ја надминат кризата.

*

УШТЕ една герила акција пред седиштетот на „белата палата“ денеска. Активистите поставија џиновски компас пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, на кој во долниот дел пишува НАТО.

*

„МАКЕДОНСКИ телеком“ денеска преку соопштение ги демантираше информациите дека е активирана 5G мрежа во земјава. Од Македонски телеком посочуваат дека досега е направено прво демо во 2018 и вршени се тестирања за функционирање на оваа нова технологија само во лабораториски услови и на мал ограничен простор во 2019 година.

*

МИНИСТЕРСТВОТО за надворешни работи информира дека во соработка со Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за здравство на Република Северна Македонија, за денес и утре организираше чартер летови за враќање на македонски државјани во земјата.

*

ВО текот на изминатото деноноќие (27/28.03.) на територијата на државата вкупно 94 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето, при што полициските службеници привеле 44 лица, 10 лица биле опоменати, a за останатите се изготвени соодветни записници и доставени до надлежното ОЈО.

*

СПОРЕД најновите податоци, во светот досега се регистрирани 613.829 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 28.229, а оздравеле 137.224 лица.

Next Post

Стабилна е безбедносната состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk