ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хегсет: За американските војници во Европа одлучува само Трамп

April 10, 2025 09:43
in ДЕНЕС, СВЕТ
Скриншот

Скриншот

Одлуките за иднината на американските војници во Европа ќе ги носи само американскиот претседател Доналд Трамп, изјави американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, одговарајќи на прашањето дали ќе го задржи нивото на војници на сегашното ниво.

„Единствениот човек кој ќе донесе одлука за структурата на американските трупи во Европа ќе биде претседателот Трамп, врховниот командант“, изјави Хегсет за време на посетата на Панама.

„И ќе продолжиме да имаме дискуси.и, вклучително и во контекст на преговорите меѓу Украина и Русија, за тоа каква треба да биде позицијата на нашите сили на континентот што најдобро одговара на американските интереси и обезбедува споделување на товарот и во Европа“, додаде шефот на Пентагон.

Еден ден претходно, највисокиот американски генерал во Европа рече дека САД треба да го задржат своето воено присуство на континентот како што е сега.

Американската војска имаше повеќе од 100.000 војници во Европа по руската инвазија на Украина во 2022 година, но генералот на американската армија Кристофер Каволи рече дека тој број е намален на 80.000.

„Мојот совет е да ја задржите таквата положба на силите како што е сега“, рече Каволи во вторникот за време на сослушувањето на Комитетот за вооружени служби на Претставничкиот дом.

Хегсет беше прашан дали се согласува со таа проценка. За време на неговото прво патување во Европа, Хегсет им рекол на своите европски колеги дека не треба да претпоставуваат дека присуството на САД ќе трае вечно

Tags: американски војнициевропаТрампХегсет
Next Post

Германија се врати, изјави Мерц по потпишувањето на владиниот договор

НАЈНОВО

ЕУ интеграциите меѓу резолуции и блокади

September 1, 2025

Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

September 1, 2025

Завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk