ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Претседателката Силјановска Давкова избегна да одговори зошто Северна Македонија не е дел од регионалната иницијатива за одбранбена соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово

April 10, 2025 17:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Кабинет на Претседател

Фото: Кабинет на Претседател

Share on FacebookShare on Twitter

Декларацијата за соработка во областа на одбраната меѓу Албанија, Хрватска и Косово е потпишана на 18 март 2025 година во Тирана. Според јавно достапните информации, документот предвидува зајакнување на одбранбената и безбедносната индустрија, зголемување на воената интероперабилност преку заеднички обуки и вежби, спротивставување на хибридните закани, како и унапредување на стратешката безбедност и поддршка на евроатлантската интеграција.

Иницијативата е претставена како отворена за други земји-членки на НАТО во регионот, што уште повеќе го отвора прашањето за улогата на нашата држава во ваквите процеси. Затоа, го поставивме прашањето:

Зошто Република Северна Македонија не е дел од оваа регионална иницијатива за одбранбена соработка во рамките на НАТО?

Прашањето го испративме до претседателката Силјановска-Давкова, премиерот Мицкоски, министерот за одбрана, Мисајловски, и министерот за надворешни работи, Муцунски.

Претседателката го избегна одговорот. Според одговорот што беше испратен до ЦивилМедиа, “нашата држава има активен придонес во безбедноста на регионот“.

„Македонската надворешна безбедносна политика е целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Како членка на НАТО нашата држава има активен придонес во безбедноста на регионот. Истовремено, е активна и во Источното крило на Алијансата, преку учество на македонската Армија во мисии во регионот и во поголем број регионални безбедносни иницијативи, како и развиена билатерална безбедносна соработка со секоја од земјите од регионот“, се вели во одговорот за ЦивилМедиа од кабинетот на претседателката.

Во продолжение на одговорот, се наведуваат низа иницијативи од областа на одбраната со кои нашата земја учествува како членка на НАТО.

„Примери се учеството во мисиите на ЕУФОР- АЛТЕА, каде партиципираме заедно со други земји сојузнички на Косово и во Босна и Херцеговина, а заедно со земјите од регионот меѓу кои и со Албанија и Хрватска  дел сме и од поголем број регионални безбедносни иницијативи како Процесот на соработка меѓу министерствата за одбрана на Југоисточна Европа (SEDM), САД-Јадранската повелба (А5), Форумот на началници на Генералштаб (Б9), Балканските медицински наменски сили, и RACVIAC – Центарот за безбедносна соработка“, се вели во одговорот на прашањето од ЦивилМедиа до претседателката Силјановска Давкова, која воедно е и врховен командантка на вооружените сили.

Сепак, конкретното прашање остана неодговорено. Тоа не се однесуваше на тоа каде сè учествува Северна Македонија како земја членка на НАТО, туку зошто не е дел од регионалната иницијатива за одбранбена соработка.

До моментот на објавување на овој текст (10 април, 14:45 часот), без одговор останаа премиерот Мицкоски, министерот за одбрана, Мисајловски, и министерот за надворешни работи, Муцунски.

Џабир Дерала / Цивил Медиа

Next Post

Објавена публикацијата „Одбрана на демократијата и човековите права“: Глобален патоказ против војната, национализмот и авторитаризмот

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk