ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Објавена публикацијата „Одбрана на демократијата и човековите права“: Глобален патоказ против војната, национализмот и авторитаризмот

April 10, 2025 17:05
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Клучната публикација Одбрана на демократијата и човековите права – Извештај и препораки за политики сега е достапна онлајн. Овој извештај од 200 страници е еден од најважните резултати од Меѓународната конференција Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам, одржана во Скопје на 11 и 12 декември 2024 година, и го отсликува повеќемесечниот ангажман на меѓународната иницијатива Одбрана на демократијата, формирана по конференцијата.

Публикацијата е достапна и онлајн и во печатена форма, и е структурирана во три дела:

  • Препораки за политики – Овој суштински дел од 60 страници е поделен во десет тематски области. Секоја тема вклучува: Контекст, Препораки за политики и Конкретни чекори, мерки и активности. Овие препораки се задолжително четиво за политички, општествени и академски лидери – како и за оние кои се стремат да придонесат кон промени во своите области.
  • Глобални гласови – Во ова поглавје се презентирани главните говори на истакнати учесници од цела Европа и САД. Нивните презентации и анализи беа од суштинско значење за формирање на рамката на препораките и за поттикнување на создавањето на меѓународната иницијатива Одбрана на демократијата.
  • Извештај за активностите – Детален преглед на агендата на конференцијата и поврзаните активности, вклучувајќи работилници, прес-конференција и средби за вмрежување. Овој дел вклучува и презентација на изложбата Одбрана на демократијата: 25 години ЦИВИЛ, како и линкови за понатамошно истражување и вклучување.

Публикацијата е достапна во формат едноставен за читање и преземање, објавена на повеќе платформи, меѓу кои Media Dialogue (Германија), Defending Democracy, CIVIL MEDIA, Civil.Today и други. Сета содржина е достапна според лиценцата Creative Commons 4.0 International, што овозможува слободен пристап и споделување. Освен дигиталната верзија, достапен е и ограничен број печатени примероци.

Публикацијата ќе биде дистрибуирана до клучни институции, креатори на политики и одлуки, како и до партнери ширум светот, со цел да се информираат национални и глобални стратегии за јакнење на демократското управување и заштитата на човековите права во време на растечки авторитарни закани.

Проектот е поддржан од Владата на Северна Рајна-Вестфалија. Имплементирачки партнери и коосновачи на Иницијативата за одбрана на демократијата се: Youth4Media и Media Dialogue од Германија, ЦИВИЛ – Центар за слобода од Северна Македонија и New European People’s Forum од Брисел.

Иницијатива Одбрана на демократијата


Досега, публикацијата е достапна на следниве линкови:

  • MEDIA DIALOGUE
  • DEFENDING DEMOCRACY
  • CIVIL TODAY
  • CIVIL MEDIA
  • DREJT (албанска верзија)
  • GREEN CIVIL
  • CIVIL.ORG.MK
Next Post

Министерката Кочоска од зголемените царини на САД кон Македонија гледа шанса за македонската економија

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk