ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДКСК потврди дека повеќе од 15 години нема конкретна законска забрана за употреба на пиротехнички средства во обејкти од затворен тип

April 15, 2025 14:56
in ДЕНЕС, КОРУПЦИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од 15 години нема забрана за употреба на пиротехнички средства во обејкти и простории од затворен тип иако се тие високо ризични по животот и безбедноста, потврди Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Како што беше речено на денешната седница, ваквата правна празнина овозможува институционална пасивност и ограничени услови за санкционирање.

Според ДКСК која спроведе антикорупциска анализа на неколку закони по трагедијата во Кочани во која загинаа 61 лица, не е уредена и постапката за добивање одобрение за набавка на експлозивни материи, не е утврден надлежен орган кој ќе одлучува по барањето, ниту се пропишани рокови за постапување, а недостасуваат и јасни услови, критериуми и документација.

-Повеќе од 15 години од донесувањето на Законот за прекршоци против јавен ред и мир, од 2007 година до април 2025-та, не е предвидена конкретна забрана за употеба на пиротехнички средства во затворен простор што е значајна правна празнина и потенцијален извор на регулаторен и безбедносен ризик. Повеќе од 15 години нема конкретна законска забрана за употреба на пиротехнички средства во обејекти и простории од затворен тип иако се тие високо ризични по животот и безбедноста. Ваквата правна празнина овозможува институционална пасивност, ограничени услови за санкционирање, различна пракса во спроведување на законските одредби, како и потенцијал за селективна примена и толеранција на прекршување. Задолжителна е навремена интервенција со прецизни забрани особено во случаи каде јавното здравје и безбедноста на граѓаните се директно загрозени, треба да се утврди механизам за редовна ревизија на прекршочните одредби и да се разгледа воведување задолжителна оценка на безбедносен ризик при секое барање за дозвола на јавни собири, настани и активности во затворен простор каде е можна употреба на пиротехника, истакна претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска која ги образложи резултатите од анализата.

Претходно на седницата беше нагласено и дека се констатирани низа пропусти во Законот за угостителска дејност.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ДКСКпиротехнички средства
Next Post

Макрон до Нетанјаху: Мора да прекине страдањето на цивилите во Појасот Газа

НАЈНОВО

Меџити и архитектот Бајрам Вардар го претставија Мастер планот за Чаир

October 5, 2025
Фото: БТА

„Златна треска“ во бугарскиот град Царево – по поплавите исчезна сеф со милиони и злато

October 5, 2025

Силно невреме низ Европа: Прекини на струја, откажани летови и блокади на патишта

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk