Вечерва (среда) во „Makka Bar“, македонскиот кантавтор Јон Ајди (Yon Idy) ексклузивно во живо ќе го изведе својот следен сингл – првпат пред публика.
Не пропуштајте вечер исполнета со емоција, звук и харизма. Музика што допира, атмосфера што инспирира.
Вратите се отвораат во 21 часот.
Во септември минатата година Јон го промовираше „Ghosts“ првиот студиски албум.
Албумот содржи песни од почетоците на неговата кариера и претставува своевидно животно патување низ последните 6 години. Секоја песна е слика на неговата душа во посебен период од животот.
– Изборот на песни кои ќе се најдат на мојот прв албум воопшто не беше лесен. Се обидов да ја вклучам и публиката во изборот што се покажа многу продуктивно и тоа ми помогна. Но, на крајот се сведе на тоа кои песни најдобро се вклопуваат во идејата за албумот, како и чувството на создавање на уметност во моментот. Сакав да има тек и музичка приказна. Горд сум на песните и воопшто на албумот. Многу сум возбуден за лансирањето на истиот како пакет од овие парчиња музика, рече тогаш Јон за Фронтлајн.
Музичкиот критичар Дејв Френклин во рецензијата во „The Big Take Over“, за Јон Ајди и албумот „Ghosts“ ќе рече – Уметникот го создал звукот на иднината.
Ј. Ѓ.