ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Додик по обидот за апсење: Во Република Српска нема да се спроведуваат законите на БиХ

April 24, 2025 09:49
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Foto: Wikimedia Commons

Foto: Wikimedia Commons

Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, откако агентите на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) синоќа се обидоа да го приведат во владината канцеларија на РС во Источно Сараево, се закани дека законите на БиХ повеќе нема да се спроведуваат на територијата на Република Српска, јави Хина.

Неколку инспектори на СИПА, без поддршка од вооружени полицајци во униформи, се обидоа да влезат во владината канцеларија на РС во Источно Сараево за да му го врачат на Додик налогот за апсење, но тешко вооружени членови на МВР на РС го спречија нивното приближување.

Портпаролката на СИПА, Јелена Миовчиќ, потврди дека се работи за обид на Додик да му се достави наредба од Судот на Босна и Херцеговина.

– Можам да потврдам дека членови на СИПА беа во административниот центар на владата на Република Српска во Источно Сараево, во врска со постапувањето по наредбата на Судот на Босна и Херцеговина во врска со кривичното дело неизвршување на одлука на Уставниот суд. Тие се обиделе да ја спроведат наредбата, но биле спречени од МВР на РС,  изјави вчеравечер Миовчиќ за порталот „Дневни аваза“.

Агентите на СИПА се повлекле, а полицијата на РС ја зголеми безбедноста околу зградата во Источно Сараево каде Додик се состана со локалните лидери. На крајот од средбабата Додик на присутните новинари им изјави дека не се плаши од апсење, а СИПА и Судот на Босна и Херцеговина ги нарече окупаторска сила која нема да дозволи да дејствува на територијата на РС.

– Ако мислат дека полицијата на РС ќе се скрие, тие се луди, рече Додик, нагласувајќи дека се чувствува доволно заштитен. Тој додаде дека е дојдено време да се види кој ги крши законите, а на инспекторите на СИПА им порача дека дури сега ќе видат што не можат, пренесе Хина.

Тој, исто така, му се закани и на високиот претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, дека сега ќе види како некој се приведува за „ лажно претставување“. Тој рече дека Шмит се однесува „криминално и фашистички“, па тврди дека високиот претставник подготвува закон за статусот на државна сопственост на БиХ и во тој случај РС веднаш ќе прогласи отцепување од БиХ.

– Ќе го одвоиме и ќе го браниме својот имот, рече Додик.

Министерот за внатрешни работи на РС, Синиша Каран, им рече на новинарите дека неговите полицајци ќе го заштитат Додик.

-Министерството за внатрешни работи на РС има доволно капацитет да ги заштити сите граѓани на РС и носителите на најважните институции, рече Каран.

Next Post

Германија, Франција и Велика Британија бараат хуманитарен пристап до Појасот Газа

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk