ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Подобро да стиснеме заби два месеци за секој да има приход, отколку да се доведе во прашање генералната исплата на платите.

Лидерот на социјалдемократите Зоран Заев, во интервју повикува на единство и трпение кај граѓаните откако беа презентирани низа драстични мерки за справување со кризата предизвикана од корона вирусот.

March 29, 2020 19:54
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА

Подобро сите да стиснеме заби два месеци, со цел секој да може да има приход, отколку да се доведе во прашање генералната исплата на платите. Вака лидерот на СДСМ ги правда предлог мерките за надминување на економската криза од корона вирусот, кои неговата партија минатата недела јавно и ги соопшти на јавноста, а сега очекува за нив да се изјасни и Владата.

Во интервју за Фактор, Зоран Заев, претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, искрено говори дека поради кризата, во буџетот на земјава се очекува приходите да се намалат за 60 отсто, што може да значи недостиг од 2,2 милијарди евра. Дури и државата да најде 1,2 милијарди евра преку кредити, една милијарда евра мора да се обезбеди од дома, преку заштеди. Затоа се неопходни овие мерки, меѓу кои намалување на платите на функционерите, но и на сите вработени во јавниот сектор до ниво од минималната плата од 14.500 денари. Заедно со другите предложени мерки, меѓу кои и обезбедување од Владата по една минимална плата за април и мај за вработените во фирмите погодени од кризата, бескаматните кредити, по 7.000 денари помош за домаќинствата чии членови немаат работа или се ангажирани во неформалната економја, лидерот на СДСМ верува дека е мoжно да се преброди првиот удар од кризата. Во интервјуто тој вели дека очекува Владата да ги прифати овие предлози, за кои нагласува дека се само првични и ќе следуваат и нови…

Излеговте со серија мерки, кои, како што рековте, партијата ги подготвила во соработка со врвни експерти. Во јавноста, сепак, најмногу оддекна и доминира најавата за кратење на платите на целата администрација. Зошто таков радикален чекор, над 100 илјади луѓе да ги сведете на минималец од 14.500 денари?

Заев: Сите наши капацитети и целиот фокус е насочен кон заштита на здравјето на граѓаните и успешно соочување со економските последици од оваа глобална здравствена пандемија. Свесни за сериозноста на ситуацијата, а во духот на солидарноста секој да го понесе товарот за економската криза да трае што пократко, како одговорна партија, како одговорни политичари, подготвивме пакет на сериозни економски мерки.

Целта на овие мерки е да се сочува секое работно место, да им се помогне на работниците, на стопанствотото, на граѓаните и да обезбедиме приход за секој човек. Мерките имаат за цел навремено да им помогнеме и на фирмите, да ја задржиме нивната ликвидност, за да нема отпуштања на работниците и да обезбедиме приход за сите граѓани. Ова ќе ја одржи јавната потрошувачка, но и приходите во буџетот.

Првичната помош е околу 200 милиони евра и ова е само првиот дел од пакет мерките. Имаме мерки за секоја фирма, да не ги отпушта работниците, државата да помогне со 14.500 денари минимална плата.

Свесни сме дека плаќањето на кредитите  преставува проблем во овој период и токму поради тоа имаме и мерки за одложување на плаќањето на кредити на најмалку три месеци. Се запира и извршувањето.

Вториот дел од предложените мерки се однесува на заштедите, бидејќи, за справување со последиците од економската криза поради корона вирусот ќе бидат потребни и мерки за штедење, бидејќи ќе недостасуваат средства.

Ние оваа економска криза ја дочекуваме на здрави нозе. Во изминатите 2,5 години, преку нашите мерки, успешно ја стабилизиравме македонската економија. Од -1,8 отсто во време на ВМРО-ДПМНЕ, економијата, преку политиките на СДСМ порасна на 3,6 отсто.

Граѓаните мора да знаат дека поради мерките за заштита на здравјето и спречување на ширење на вирусот економиите во целиот свет се во тешка состојба. Вчера беше прогласена и светска рецесија.

Јас знам дека нема да биде лесно, но ние во повеќе наврати во овие 2,5 години покажавме дека можеме да се носиме со сериозни предизвици и ќе покажеме дека можеме да се носиме и со овој глобален предизвик.

Поради мерките за заштита на граѓаните, приходите на државата паднаа драстично и ние имаме обврска пред граѓаните да го кажеме тоа, да се знае, но во исто време и да предложиме мерки за амортизација.

Според наши проценки, ќе недостигаат околу 60 отсто од приходите на државата, бидејќи граѓаните не трошат, некои фирми се затворени на одредено време или хибернираат, транспортот е преполовен и нема толкава наплата на ДДВ. Не се плаќаат ниту дел од сметките, бидејќи граѓаните штедат за нивното здравје. Сите овие работи што ги набројав имаат значително влијание на буџетот на државава.

Намалување за 60 отсто на приходите може да значи недостаток на 2,2 милијарди евра за да ги финансираме сите расходи проектирани во Буџетот. Ние и да најдеме 1,2 милијарди преку кредити, сепак ќе треба да скратиме и една милијарда од дома. Тоа е реалноста и јавноста и граѓаните треба ова да го знаат.

Мерките за намалување на платите во јавниот сектор, почнувајќи од премиерот, министрите, директорите, за кратење на непродуктивните трошоци се само еден дел од чекорите за справување со кризата, која ако потрае сигурно ќе не натера и на други чекори.

Но тоа е солидарноста, сите заеднички да го понесеме товарот. Оние со повисоки примања солидарно ќе се откажат од поголем дел од платите, оние со помали примања од помалку.

Но, за да може секој да добие плата, мора да обезбедиме соодветна ликвидност и полнење на буџетот. Подобро да стиснеме заби два месеци за секој да има приход, отколку да се доведе во прашање генералната исплата на платите.

Пак ќе повторам, ние имаме предвидено повеќе месечни олеснувања за граѓаните, како ослободувањето од плаќањето на кредитите, запирање на извршувањата и слично. Сега е време е за солидарност и заедничка акција. Имаме капацитет, имаме знаење, можеме да се избориме со корона вирусот и можеме да се справиме со економските последици.

 

Next Post

21: Над 90% од граѓаните задоволни од работата на Владата и на министерот Филипче, ЗНМ со осуда кон Систина, Ана Костовска со статус на ФБ од карантин, каде одат бездомниците за полициски час?

НАЈНОВО

AI generated image

OpenAI и Google предупредуваат дека AGI ќе ја „уништи“ средната класа

September 1, 2025
Скриншот

Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

September 1, 2025

Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судскиот совет ги избра новите судии за Апелациониот суд Скопје и за претседател на Основен суд Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk